Само неколку часа откако беше потврдено дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го откажа учеството.Потоа истото го сторија и шефовите на дипломатии на Естонија, Латвија и Литванија.Во заедничкото соопштение на шефовите на дипломатии на трите балтички земји стои дека одлучиле да не присуствуваат бидејќи на овој начин според нив, на Русија би и била дадена уште една пропагандна можност.
– Присуството на Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ, ризикува легитимирање на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, тривијализирање на свирепите злосторства што Русија ги прави и поднесување на руското грубо кршење и непочитување на основните принципи и обврски на ОБСЕ. Ние, министрите на Естонија, Латвија и Литванија, нема да бидеме дел од ова и нема да ја делиме одговорноста за последиците што ќе ги создаде стои во заедничко соопштение на трите балтички земји.