По веста за страшниот пожар во Кочани за време на настапот на „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, Македонскиот народен театар излезе со соопштение во кое ја известува својата верна публика дека од 17 – 22 март ги откажува претставите.
„Почитувана публико,
Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество.
Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.
Ви благодариме на разбирањето.“, стои во соопштението.