Гордите родители денеска на социјалните мрежи споделија неколку фотографии со синот при неговото прво доаѓање дома.
Гордите родители денеска на социјалните мрежи споделија неколку фотографии со синот при неговото прво доаѓање дома. Радоста за новиот член во семејството ја споделија со своите најблиски кои подготвиле торта со името Стефан и со датумот на неговото раѓање 17.07, а поранешната министерка сподели и емотивна порака.„Нашата радост, нашиот нов член пристигна Стефан Станков 17/07/2024 Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж… Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе и се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега сме тројца“ – напиша Нина на Инстаграм.