МАКТЕЛ

 

Последната шајка во делото на Фукујама

     

Пред некој ден пријатели ме прашаа за моја прогноза во врска со исходот на изборите во САД за некој ден. Им реков дека не ја следев доволно добро кампањата за да дадам солидна проценка, но им ветив дека ќе исчитам што нудат одредени медиуми, тинк-тенк организации како јавна информација во наредниов период, па ќе им дадам моја проценка. И така, викендов читав и се сетив на Фукујама!

 

Во март 2022, кога навиката да се живее со корона-вирусот веќе беше создадена, имав особена можност како дел од Кабинетот на тогашниот претседател Стево Пендаровски да му дадам рака и да бидам присутен на средба со славниот Френсис Фукујама.

  

Се сеќавам дека на средбата, покрај заедничкото оговарање на Џордан Петерсон, Славој Жижек, Илон Маск како и чудното прашање „Дали можеби Кина е (не)сакајќи на добар развоен пат”, особен момент кој создаде специфична аура во таканаречената Мозаик сала на претседателската вила во Скопје предизвика прашањето кое на Фукујама му го постави професорот Александар Спасов на средбата во својство на советник на нашиот претседател:

„Со почит која е неверојатно голема и без никаква желба да ве провоцирам, би сакал да Ве прашам дали сè уште стоите на Вашите ставови од делото ‘Крајот на историјата и последниот човек’, и како ги објаснувате настаните во светов последниве години, особено развојот на крајната десна политичка опција и нејзиното станување на мејнстрим политички избор во голем дел од западните демократии?”

Одговорот на Фукујама

И, сега, сите кои ја читате оваа анализа или колумна, а истовремено познавачи на делото на Фукујама, со нетрпение очекувате дека ќе ги прочитате тука зборовите на Фукујама и неговиот одговор! Но, јас како и секој добар трилер автор нема да си дозволам да го парафразирам големиот познат професор и ќе преминам на малата средба по главната средба на која јас го запрашав нашиот професор Спасов: „Дали тоа Фукујама навистина умешно избегна да одговори на твоето прашање?”

„И мене така ми зазвуче”, одговори Спасов. Кон почетокот на ‘90-тите, неколку месеци пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, професорот на Стенфорд и докторанд на Харвард, Френсис Фукујама ја објавува книгата насловена „Крајот на историјата и последниот човек”. Брилијантниот наслов всушност стои во одбрана на тезата дека во тој момент, крај на ’80-тите и почеток на ’90-тите, се случува апсолутен триумф на либералната демократија како најсовршената форма на човечко владеење.

Односно дека падот на таканаречената „Железна завеса“ или Советскиот Сојуз и неговото губење на позицијата во светската доминација, според теоријата на Фукујама, имајќи го предвид економскиот и политичкиот развој на западните општества, требаше да ги направи сите „земји“ на некој начин либерални демократии или барем тоа да биде неизбежна цел кон која целокупното човештво ќе тежнее.

Теоријата на Фукујама имала, да речеме, поткрепа со одредени симптоми во тогашната геополитика, но, сепак, неговата теорија се сведе на желба на многумина (и на самиот автор на текстов), а сега во 2024 година сме сведоци како никогаш досега на еден сосема спротивен развој – зголемено влијание на авторитаризмот, влошување на економските и политичките кризи, и ерозија на демократските стандарди дури и во самите либерални општества.

Дури веројатно е дојдено време да признаеме дека и концептот за моќниот Вашингтон како чувар на светската демократија – очигледно прерасна во мит. Концептот длабоко втемелен во теориите на заговор, но и во реалната политика, веројатно не станува мит одеднаш, туку тоа е процес кој се заокружува во 2019 година, кога се случува којзнае кој по ред неуспешен обид на САД да го отстрани Николас Мадуро од власт во Венецуела.

И покрај повеќекратните обиди, вклучувајќи дипломатски притисоци, економски санкции и поддршка за опозициските лидери, американската моќ и влијание делуваат беспомошни во борба против очигледна диктатура и тоа на свој, би рекол, „домашен терен“ во Америките.

Очекувањата дека САД ќе ја чуваат демократијата низ светот стануваат всушност – Крајот на историјата – овојпат не на Фукујама. Доколку САД не успеваат да постигнат стабилност во својот непосреден „двор“, тогаш, може да се заклучи дека нивниот потенцијал да влијаат во Европа, особено во јужнословенските земји и постсоветските држави во интерес на заштита на демократијата, е комплетно невозможен.

„Средба на маргините“

Се сеќавам, истата таа вирусна 2022 година, неколку месеци по Фукујама, во јуни месец, учествувавме како државна делегација на Самитот на НАТО кој се одржуваше во Мадрид. Исклучително значаен за Македонија затоа што баш во тие денови се случуваше кулминацијата на прифаќање или не – на втората подобрена верзија на „Францускиот предлог“ со кој ние ќе ги ставиме Бугарите во Устав, а тие ќе го кренат ветото за отпочнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

По нашето македонско одбивање на првата верзија, лобирањето и инсистирањето од страна на нашите сојузници за да се прифати „подобрената“ втората верзија се случуваа со сиот сериозен интензитет токму низ ходниците на „Institución Ferial de Madrid“ односно Конгресниот саем во Мадрид, каде што се одржуваше НАТО-самитот.

Иако можеби овие настани од Мадрид се сосема друга тема и веројатно малку поопширно би требало да се стават на хартија, за потребите на мојата и приказната на Фукујама ќе искористам анегдотално дел од тие средби. Стоев настрана и внимателно го следев таканаречениот pull aside – она што во нашето новинарство се нарекува „се сретнаа на маргините“ – меѓу претседателот Пендаровски и државниот секретар на САД, Антони Блинкен како прерасна во, на некој начин, неочекувана тет-а-тет средба со седење.

Стоев заедно со Карен Донфрид, тогашен помошник секретар за европски и евроазиски прашања – или оперативната функција од исклучително значење за „нас“ во овој дел од Европа. Таа, се разбира, го чекаше својот шеф, Блинкен, и претпоставувам воопшто немаше идеја со кого стои, веројатно мислеше некој дечко од кабинетот на Пендаровски. Свесен за моментот се обидов да вкрстам неколку искрени реченици и да ја искористам приликата да лобирам за мојата земја.

„Последиците доколку помине овој предлог ќе бидат повеќедецениско уназадување на демократските процеси не само во Македонија, туку во регионот”, беше првото нешто кое ѝ го кажав! “Веројатно знаете што жртвуваше Бугарија, нејзиниот премиер и неговата влада одат во историја, паѓаат заради овој предлог”, ми одговори Донфрид. „Нивната влада паѓа во секој случај и без овој предлог, тоа е реалноста кај нив.

Главната причина за паѓање на нивната влада не е овој ‘Француски предлог’, но веројатно одлично дипломатски Петков тоа го продал на сите негови сојузници. Овој предлог кај нив помина поддржан од сите политички субјекти и пред да им падне владата, а поддршката на Брисел и Вашингтон е нивна дипломатска победа, но сериозен пораз на долга патека за сите вклучително и вас”, ѝ одговорив.

„Како мислите? Нивната отстапка е толку голема што по ова им паѓа владата, тоа е очигледно”, ми ја повтори истата реченица. „Свесен сум дека паѓа нивната влада, но контекстот е далеку поголем – кај нас паѓа демократијата“… Главните станаа, а мене ми беше јасно дека дипломатот од искуство не ме разбра мене како некој што ниту ги почитува ниту ги поседува дипломатските вештини, што сакав да ѝ кажам. Шефовите станаа и го завршија состанокот, а толку беше и од мојот обид да „влијаам“ и „лобирам“.

Тоа што од денешна перспектива ми е јасно е дека личноста која во тој момент во Вашингтон ја имаше главната оперативна диригентска палка за регионот каде што влегува и Македонија, дефинитивно немаше ниту знаење ниту разбирање за широкиот политички контекст и комплексноста ниту на Балканот, а особено на мојата земја.

Дека ова е точно укажуваат три настани по Мадрид или појасно – Косово и Србија не спроведоа ништо или можеби и не договорија ништо, Бугарија седум години не може да направи политичка влада, во Македонија се случија длабоки политички промени и сериозен пораз на социјалдемократските политики и вредности за кои постоеше поддршка од „пријателите“. Тогаш првпат го сфатив тоа што не сакав да го признаам со Мадуро и Венецуела, а тоа е фактот дека Фукујама дефинитивно тотално ја утнал во книгата, а либералната демократија треба да се чува сама од „себе”.

Поразите на либералната демократија

И, дојдов до воведот и изборите во САД во 2024 година. Факт е дека нестабилноста на политиките на САД имаат и ќе имаат импликации коишто се протегаат низ целиот свет. Денеска веќе станува јасно дека кризите се интегрален дел од политичките настани во речиси цела Европа и не станува збор за инциденти, туку за реална политика. Во Молдавија се одржа референдум за тоа дали е посакувано членството во ЕУ.

Резултатот е половичен и во интерес на евроскептицизмот и, се разбира, пораз на либералната демократија. Доколку укажеме на тоа дека Романија како земја членка на ЕУ има сериозно влијание во Молдавија, а од друга страна пак постои територија Транснистрија во Молдавија, која е под воена окупација на проруски милитанти власти, можеме само да очекуваме нестабилност на таа територија и веројатно конфликт.

Многумина се исто шокирани и од изборните резултати во Грузија, каде што, неверојатно, после цели 25 години, победуваат проруски наменски политички креирани субјекти, и тоа сѐ додека дел од Грузија сѐ уште е под окупација на проруски милитанти во регионот на Северна Осетија. И, на крај, да се потсетиме како заврши Ерменија пред една година, кога Азербејџан воено ги поврати териториите Нагорно Карабах без никаков одговор од Ерменија, која овојпат, за разлика од пред 30 години, немаше никаква поддршка од Москва.

Резултатот го гледаме една година подоцна, Ерменија како да сфати кој треба да ѝ биде пријател и си дојдоа на самитот на Брикс минатата недела. Слично е и кај нас на Балканот, државите кои претходно го сметаа Западот за партнер и чувар на демократските стандарди, сега се соочуваат со различни предизвици и геополитички ривалства што го комплицираат нивниот пат кон трајна стабилност.

Во таков амбиент, влијанието на Русија не е милитантно и изразено како во постсоветските земји, но е постојано и присутно и поради историските перспективи, но и културно, а особено религиозно поради православната црква како сврзно ткиво врз речиси сите јужнословенски земји, па дури и во една Бугарија која е членка и на НАТО и на ЕУ. Кој би рекол дека Балканот ќе ја закова последната шајка во делото на Франсис Фукујама?!

Србија, под раководството на Александар Вучиќ, е добар пример за ваквата комплексност, со својата позиција на формална „неутралност“ која ја оддалечува од постсоветските сојузи, но истовремено ја држи блиску до идеологиите на десничарскиот популизам и национализмот коишто стануваат сè позастапени во Европа. Балканот е всушност еден од регионите каде што се судираат сите овие различни влијанија, а натамошната геополитичка ориентација на државите во регионот е речиси извесна.

Очигледна е орбанизацијата како роднински систем на путинизмот во Европа и дека истиот успешно влезе кај нас директно, односно нема повеќе посредници на брзата пруга Будимпешта – Скопје, Белград е само во попатна станица. Идеалот на Фукујама за „крај на историјата“ очигледно никогаш не бил реален, иако тие години бил близу, барем според настаните. Либералната демократија, иако е многу привлечна како концепт, не е универзална цел што сите држави можат или сакаат да ја остварат.

Политичките битки денеска се далеку подлабоки, и историјата не само што не завршила, туку изгледа дека е подготвена да продолжи со поголем интензитет. Во однос на изборите во САД, според мене, шансите се со големина на иглени уши во корист на Камала Харис, но за жал дури и со нејзина победа сите претходни порази налибералната демократија се толку големи што се конечни и неповратни како процеси. Фукујама не бил во право.

Миле Бошњаковски, ЛИБЕРТАС

 

Најново

Димитријевиќ: СДСМ ја обновуваме на здрави основи во директен разговор со членството

Sase Ivanovski

Каранфилова- Пановска: Власта да ги тргна канџите од судството

Sase Ivanovski

МТЕЛ: Ние славиме, вие добивате! 🎈 Уживајте во роденденските изненадувања и добијте награди

Sase Ivanovski

ХАК ТУА ДЕВОЈКАТА СЕ ЗБОГАТИ СО 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД КРИПТО ИЗМАМА, КРЕИРАШЕ СВОЈА ВАЛУТА КОЈА ПРОПАДНА ЗА РЕКОРДНО ВРЕМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛИНТОН: ЈАСЕР АРАФАТ ОДБИ ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА СО ГЛАВЕН ГРАД ВО ИСТОЧЕН ЕРУСАЛИМ И НАД 95% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА ЗАПАДЕН БРЕГ

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: ЌЕ ИМА ЛИ “ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА” ВО САД?

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Sase Ivanovski

Уништени небезбедни млечни производи и месо – АХВ изрече 23 казни за мали продавници

Sase Ivanovski

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Sase Ivanovski

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Sase Ivanovski

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УГРО ОБЈАСНУВА ШТО Е ЉУБОВ, ДА ГИ СИМНЕМЕ МАСКИТЕ

Sase Ivanovski

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Sase Ivanovski

АХМЕД МУАМЕДИ: Се додека функционерите и нивните семејства не ги примораме да користат јавно здравство, јавен превоз и јавно образование нема да имаме квалитетни јавни услуги

Sase Ivanovski

ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА ПРИЧИНА ЗА БУГАРСКОТО ВЕТО ЗА СРБИЈА Белград се труди да открие што ја мачи Софија

Sase Ivanovski

ЕКСПЛОЗИЈАТА НА ИБАР-ЛЕПЕНЕЦ БЕШЕ ЛОША РЕЖИЈА Курти барал причина да ги пушти безбедносните сили на север?

Sase Ivanovski

ХОРОР ВО ДЕСПОТОВАЦ Мајка чувала бебе во замрзнувач, го убила при породување?

Sase Ivanovski

Во јануари почнува имплементирањето на унгарскиот заем за компаниите

Sase Ivanovski

Додека Вториот пензиски столб не почне поробусно да учествува во исплатата на пензиите, во ПИОМ ќе има дупка, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Повредена малолетничка во Ранковце при игра со соученици

Sase Ivanovski

Нападнати средношколци во близина на училиште во Аеродром, им впериле пиштол

Sase Ivanovski

Републичкиот обвинител Коцевски не му вршел притисок на Хајрулахи, одлучи Советот на јавните обвинители

Sase Ivanovski

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕГЛАТА НА ЖИВОТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАТА НА НБА ЛАРИ БРД: КОЛКУ БИ САКАЛ ДА ИГРАМ СО НИКОЛА ЈОЌИЧ

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија: После изборот на новиот состав на Централниот, Надзорниот и Извршниот одбор, процесот на возобновување на СДСМ продолжува со избор на новите раководства на Општинските организации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гере Трипков стои зад првиот македонски бренд на облека за лица со попреченост!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Посета на министрите Тошковски и Филков и претставникот на УНХЦР Габриел де Годој на прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија

Sase Ivanovski

(ФОТО) ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ НА ОХРИД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерството за животна средина и просторно планирање: НАПРАВЕН ПОВТОРЕН ВОНРЕДЕН НЕНАЈАВЕН НАДЗОР НА ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ОД ЕМИТЕРИТЕ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Јаневска: Нова група пријатели од САД ќе волонтира во нашите училишта, Мировниот корпус речиси три децении активно придонесува во образовниот процес

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во понеделник (09.12.2024 год), поради државниот празник Св.Климент Охридски автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Едукативен текст ЈП Лајка, од пиротехника страдаат сите: децата, возрасните и илјадници животни!

Sase Ivanovski

Грција ги зголеми даноците, а растат и цените на туристичките аранжмани

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Украинците го нападнаа Крим, затворен мостот во чија близина одекнуваат експлозии

Sase Ivanovski

Тројца повредени од обезбедувањето на Гаши, возилото излетало од патот

Sase Ivanovski

Бериша најави простување на казните за струја, вода и за дивоградбите ако победи на изборите во мај

Sase Ivanovski

Пад на увозот и извозот, трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Sase Ivanovski

Скопјанецот кој ги уби братот и снаата во Стајковци осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

Ердоган ги подржа бунтовниците во Сирија и се надева дека режимот на Асад брзо ќе биде поразен

Sase Ivanovski

Бугарските шпиони сакале да го застрелаат новинарот Христо Грозев или да го затворат во пештера

Sase Ivanovski

Севернокорејците се толку лошо обучени што Русите не ги испраќаат во првите редови

Sase Ivanovski

Гаши: Партиите кои прават кариера од меѓуетнички тензии не ѝ сакаат добро на државата

Sase Ivanovski

Меџити: Законот за употреба на јазиците се дискутира поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ

Sase Ivanovski

Јаневска побара трпениe за случајот со ученикот и бојкотот:„Не може цела јавност да го стигматизира детето“

Sase Ivanovski

Крмов: Системски се гради антимакедонизам под покровителство на СДС и ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Се крчка нов Закон за помилување: Дали веќе нема да се ослободуваат криминалци кои се „интересни во негативна смисла“!

Sase Ivanovski

Поголеми плати во здравство, потпишан e Анекс на Колективниот договор

Sase Ivanovski

Уставен суд: Нема да коментираме ничии ставови

Sase Ivanovski

Претседателката на Советот на јавни обвинители: Не размислувам за оставка!

Sase Ivanovski

Тројца припадници на обезбедувањето на Гаши повредени во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

ИМАМЕ 1,5 МИЛИОНИ РАБОТОСПОСОБНИ ЛИЦА Работат 46% од нив, каде се другите

Sase Ivanovski

ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА ЌЕ СЕ СЕЧАТ ОД КОРЕН Формирана е комисија за следење на снабдувањето со струја

Sase Ivanovski

ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 10% За првпат Владата има пари, ССМ очекува прифаќање на барањата

Sase Ivanovski

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ЈА ДОГОВОРАТ РАБОТОДАВАЧИТЕ И СИНДИКАТИТЕ Државата ќе ја прифати нивната одлука

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУЦУНСКИ ВО БРИСЕЛ: НАУЧИВ ДА ПЛИВАМ ВО БУГАРИЈА, МОИТЕ ДЕЦА НАУЧИЈА ДА СКИЈААТ ВО БУГАРИЈА

Sase Ivanovski

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВОЗРАСТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ Мицкоски очекува вториот пензиски столб да ја покрие дупката во првиот

Sase Ivanovski

По повод празникот „Свети Климент Охридски“ 9 декември, понеделник 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ејупи: Со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мисајловски на затворањето на вежбата „Maple Arch 24“: Македонската Армија нуди услови и можности за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО – стандарди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТНО ПИСМО во врска со државната награда “Мето Јовановски”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Папазов: Во Кочани за 3 години се остварени значајни вложувања и новитети во секоја област

Sase Ivanovski

Во тек е исплатата на социјална и детска заштита

Sase Ivanovski

Да Вучиќу, во Србија е невозможно „македонско сценарио“

Sase Ivanovski

ГРОЗДАНОВ: Перспектива или „загадени умови“

Sase Ivanovski

СЕ ТРАГА ПО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПЈЕ Два дена не е вратена дома

Sase Ivanovski

НЕ СЕКОЈ ШТО ЛЕТА Е „СУПЕРМЕН“ Две деца скршиле раце, 9 имаат набиеници, но не се знае уште колку жртви има од играта на Тик-Ток

Sase Ivanovski

САД ЈА КАЖУВААТ ИСТАТА ПОРАКА И ПРЕКУ ТАЈНИТЕ ВРСКИ СО МОСКВА Лавров вели дека топката е во дворот на Трамп

Sase Ivanovski

УСТАВНИТЕ СУДИИ АЛБАНЦИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ ОДЛУЧУВАЊЕТО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Оспорен е целиот закон, нема да учествуваме, вели судијата Осман Кадриу

Sase Ivanovski

БУГАРИТЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ВЛАСТА НЕ ИМ ГРАДИ АВТОПАТ ДО МАКЕДОНИЈА Ќустендил бара брз старт на изградбата на магистралата

Sase Ivanovski

📽 БУНТОВНИЦИТЕ ВЛЕГОА ВО ПАЛАТАТА НА АСАД И НАЈДОА ФОТКИ Пресвртот ќе се случи во Дамаск?

Sase Ivanovski

АСАД Е ПОД ПРИТИСОК, БУНТОВНИЦИТЕ СЕ ДВИЖАТ КОН ХОМС Илјадници луѓе бегаат од градот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЈ СТОИ ЗАД 10-ДНЕВНИОТ УСПЕХ НА БУНТОВНИЦИТЕ ВО СИРИЈА? Ал Џолани сонува за народна влада која нема да ги гони малцинствата

Sase Ivanovski

ОН: 280.000 раселени во борбите во Сирија од 27 ноември

Sase Ivanovski

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Sase Ivanovski

Државјанин на Косово фатен како превезува мигранти

Sase Ivanovski
Вчитувам....