Постојаната стручна надоградба и доквалификација, како и стекнувањето нови вештини и знаења се дел од стратегијата за управување со човечки ресурси на „Алкалоид“. Ние постојано се стремиме да им овозможиме на нашите вработени услови за нивно професионално надградување, па затоа во нашиот тренинг-центар секојдневно се организираат обуки од најразлични области. Во текот на изминатата година се одржаа вкупно 7246 обуки на кои вработените имаа можност да ги надоградат своите знаења и да ги аплицираат новите вештини за да го унапредат секојдневното работење. Ние сметаме дека само со постојано учење можеме да обезбедиме постојан напредок и дека влогот во нашиот кадар секогаш дава плод.