Пред дуќаните на Нов мост гемиџии на ул.Илинденск во Веле изутрината е пронајдено тело на починат маж. Портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска информира дека починатото лице е Т.Ѓ роден 1970 година.Во 10 часото полицијата добила известување од службата за Итна медициска помош за машко лице кај Нов мост, по што нивна екипа отишла на увид на местото на настанот.
Од Итната медицинска помош соопштија дека во 9.50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсоознание во близина на Агенција за вработување. Но кога нивната екипа пристигнала, лицето го пронашла не долу кај Агенцијата за врабтување туку горе кај дуќаните на новиот мост близу до ДОЗ.Екипата на Итна медицинска помош само констатирала смрт без траги на насилство.