Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја.
Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејината кига „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.
Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.
Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките.
Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките МакедонциПрофесорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.