Во четвртокот започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години, а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН).
Од таму велат дека до крајот на следната недела, сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември. Станува збор за 6.350 средношколци-стипендисти, на кои ќе им се исплатат вкупно 66 милиони денари.