Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека ја пријавил Бугарија во европските политички и финансиски институции, по нејзината одлука да ги пренамени средствата за изградба на железничкото поврзување со Македонија. – Ние остануваме силно посветени на изградба на Коридор 8 и активно се работи на фазата Бељаковце – Крива Паланка, а посветени сме и на дијалог за техничко решение за тунелот на третата секција. Тоа е НАТО коридор, втор најзначаен за НАТП, но со жалење ја примам информацијата која стигна вчера, а која е официјален документ во кој Бугарија ги пренамени средствата за реконструкција на пругата од Софија – Перник – Радомир дза изградба на пруга од Софија до Бургас и со тоа испраќаат порака за непосветеност на коридор 8 и целата пропаганда која беше водена против владата дека имае нешто против Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, на крај како вистината излезе на површината.
По одлуката на Софија да не ја гради пругата кон Македонија: Николовски ја пријавил Бугарија во европските институции
Испратив писма до Европската делегација и Транспортна заедница, до ЕБОР и ЕИБ дека Македонија има потпишано договори за кредит и треба да плаќаме резервации ако не ги користиме 350-те милиони евра од договорот за кредит,а тие не би се користеле не заради нас, туку поради другата држава и ги информирав за оваа работа, рече Николсоки, кој присуствуваше на настан во Ѓорче Петров. Министерот додаде дека на 7 март испратил формално писмо преку МНР до бугарското министерство за транспорт и бугарската влада дека од македонската страна е формирана работна група на највиспко ниво и дека се очекува посветеност и од Бугарија за железничко поврзување на Скопје и Софија. Николоски рече дека во моментов од Бугарија нема активни проекти и нема финансирање, а времето наместо за договор се троши за пропаганда. – Втората фаза ќе ја завршиме сигурно, а третата има смисла само ако се поврземе со Бугарија и за тоа мора да има договор, изјави тој.