Како причина за промената, со која учениците повторно ќе можат да ги носат мобилните телефони и да ги користат во итни случаи, го наведуваат настанот со убиената ученичка Вања Ѓорчевска.
-Со оглед на немилиот настан кој ја потресе целата држава, вклучително и нас како училиште, наставничкиот совет на училиштето одлучи повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење, објавија од училиштето, од каде додаваат:
,Моментално живееме во небезбедно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта на неносење телефон беше за општо добро на учениците”.Инаку, во септември годинава, од училиштето беше известено дека по препораката на Министерството за образование и наука, исто така целосната поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот, едногласно била усвоена одлуката на наставнички совет на училиштето.Според тогашната одлука, стапувала во сила апсолутна забрана на користење телефни во рамките на училиштето, и ограничено користење на телефон на наставниците.
-Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител,стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.Ова соопштение треба да се сфати за сериозно,бидеќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година- гласеше соопштението објавено на почетокот на училишната година