-Во името на ДНК (Панчо и Андреј) и целиот тим сакаме да ви се заблагодариме за несебичната поддршка која ни ја дадовте во изминатиов период, и што ни помогнавте заеднички да ја заокружиме приказната која ја пишувавме во изминатите 20 години. Вие сте дел од нас, вие сте дел од нашата приказна, и без вас ниту славењето на големиот јубилеј ниту нашето постоење воопшто, ќе беа возможни. Се вели, среќата е единствената работа што се множи кога се дели, а ние сме среќни што имаме пријатели како вас, среќни сме што имавме со кого да ја споделиме нашата љубов, емоции и музика и среќни сме што бевте и сте до и со нас. Ви ветуваме и вам и на нашата верна публика дека со исто темпо ќе продолжиме и во иднина, и уште еднаш од срце ви благодариме за сето одвоено време, простор и сета поддршка која ја добивме и добиваме од вас – порачаа Панчо и Андреј.Нивниот славенички концерт е настан за кој деновиве се зборува во јавноста. Голем број на нивни обожаватели, колеги, политичари и јавни личности беа дел од публиката и објавуваа фотографии од веселата атмосфера.Концертот имаше и хуманитарен карактер, и дел од средствата од продажбата на билетите е наменет за Фондацијата Марко Божиновски, во чест на починатиот млад ракометар, која поддржува млади спортисти.