13.8 C
Скопје
21/05/2025 04:54
МАКТЕЛ

     

ПРВА БИОГРАФИЈА НА ДАРКО ПАНЧЕВ Објавени досега непознати детали за македонската Кобра

      

Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен… Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Долгоочекуваната книга, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, е издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Во изданието, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен…

   

– Македонската Кобра, како што го знаат нашиот Дарко Панчев лаиците и оние поупатените, го разбранува фудбалскиот свет во своето време и на величествен начин – од Вардар преку Црвена звезда – во 1991 година стигна до титулата прв стрелец на Европа, освојувајќи ја „Златната копачка“ на популарниот „Екип“ и на брендот за спортска опрема „Адидас“. Со 34 постигнати голови и со освоените титули со Звезда – европски и светски клупски првак, и „Сребрена топка“ во изборот на реномираниот француски спортски весник „Франс фудбал“ за втор најдобар играч во Европа, иако според мнозинството од фудбалскиот свет ја заслужил „Златната топка“ – Панчев стана една од најинтересните фудбалски појави, не само на Стариот континент, туку и во светот – вели Михајлов во книгата.

Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот. Публикацијата е збогатена и со искази за Панчев од челниците и легендите на Звезда, од неговите соиграчи, современици, претставници од спортската и од научната фела. Најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија, Дарко Панчев, е роден на 7 септември во 1965 година, во Скопје. Благодарејќи на неговите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до денес во фудбалскиот свет. Решетајќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. Голема четворка: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на „Златната копачка“ и „Сребрената топка“. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, станувајќи нејзин прв капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.

Ова е трета книга на неуморниот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов (1945) по „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ (издание на „Арс Либрис”) и монографијата за борачот Шабан Сејдиу (коавтор). Во својата 60-годишна кариера присуствувал на најголемите спортски случувања, меѓу кои и на рекордни 15 олимпијади и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања.

– Оваа биографија што ја подготвував со задоволство, буквално ќе ја долови кариерата на нашиот најдобар фудбалер. Колку тој беше ценет и почитуван од своите колеги, а и од легендите во другите спортови, ќе имате можност да прочитате низ овие редови, што ќе останат како документ за една знаменита македонска личност. Тој беше вистински афирматор на својата земја, затоа што преку него и неговите постигнувања многу луѓе во светот дознаа за Македонија. И до денес, Панчев е единствениот Македонец кој успеал да освои две високи индивидуални признанија во својот спорт, „Златната копачка“ и „Сребрената топка“ – во изборот за најдобар фудбалер на Европа. Затоа, името Дарко Панчев е врежано со златни букви во нашата фудбалска и национална историја – вели Михајлов.

   

Најново

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Sase Ivanovski

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

Sase Ivanovski

Советот на етика ја отфрли жалбата на градоначалничката Арсовска против Ирена Мулачка и „Фокус“

Sase Ivanovski

Повреден мотоциклист на булевар во Скопје, се судри со автомобил

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето

Sase Ivanovski

Захарова: Зеленски и Западот се обидоа да ги попречат преговорите

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Прес-конференција на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ СО НОВИ ПРАВИЛА: ДИРЕКТОРСКА ФУНКЦИЈА БЕЗ ПРИВИЛЕГИИ

Sase Ivanovski

Жаре: Историски викенд! Три вечери. Три преполни арени. Над 20.000 луѓе!

Sase Ivanovski

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Sase Ivanovski

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Sase Ivanovski

Азир Алиу ќе го замени Таравари во Владата: „Нема ништо официјално“

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

Sase Ivanovski

ОН предупредува дека 14.000 бебиња може да умрат во Газа во следните два дена oти немаат храна

Sase Ivanovski

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

Sase Ivanovski

Опожарени три автомобили во Битола

Sase Ivanovski

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

Sase Ivanovski

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Sase Ivanovski

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Sase Ivanovski

Митева: Договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство претставува дипломатска и историска победа за Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска : До каде е Националната стратегија за македонски јазик?

Sase Ivanovski

Дебата во рамки на Форумот за културна дипломатија: „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Sase Ivanovski

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари и ќе придонесе за зголемена климатска отпорност

Sase Ivanovski

Укинати два члена од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„Денот на сесловенските просветители” прославен во македонската амбасада во Пекинг

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈАПОНИЈА

Sase Ivanovski

Време е за БУКВАЛНО. ЏЕЗ…

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1911 г. кај месноста Водениците на река Црна – Марково стапало, до своето родно село Света, Демирхисарско славно загинал војводата Георги Христов Ралев – Свеќанчето

Sase Ivanovski

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Sase Ivanovski

Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје одбележавн 20 Мај Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Николоски е овластен да го потпише стратешкиот договор, ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ОЈО да ги проверува анкетните листови на сите функционери! Не ни треба ветинг, добро се знае кој, што правел

Sase Ivanovski

Нема повеќе пасоши! – Следната година, за летување ќе мора да имате оваа дозвола!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција

Sase Ivanovski

Костадинов: Со посебно задоволство ја прифатив поканата и заедно го одбележавме Вашиот ден, Денот на пожарникарите

Sase Ivanovski

Зоран Љутков: Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци

Sase Ivanovski

Божиновска: Во Брисел со јасна порака – реформите во енергетиката носат резултати, а Македонија е подготвена за повеќе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Sase Ivanovski

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

Sase Ivanovski

Митовски: Со изградба на монтажна катна гаража со нови 166 паркинг места, го решаваме проблемот со паркирање во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ФЕРАРИТО НА ИЏЕ ЌЕ СЕ БАКНЕШЕ СО БАНКИНАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

Sase Ivanovski

Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Припадниците на Логистичката база (ЛБ), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, го одбележаа 20 Мај, денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

Sase Ivanovski

Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната која покажува напредок во родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен?

Sase Ivanovski

По свечено отворање на Деновите на поезијата, поетската авантура продолжува особено во знакот на младите

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари за практиканство во Општина Центар, студенти пријавете се на повикот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во радовишко, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Фуркан го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова знаела кого ќе предложи за иден гувернер, но сè уште не го открива

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Со Стратешкото партнерство со ОК е утврдена рамката која може да ја користиме, средствата ќе се користат со пониска камата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРСКИ МАРШ НА „ПРВИОТ МУЗИЧКИ ПАТ ВО ТУРЦИЈА“

Sase Ivanovski

Град Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски

Sase Ivanovski

Лефков: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и ќе донесе инвестиции во здравствениот сектор

Sase Ivanovski

Го уапсиле за учество во тепачка, па признал дека крадел и автомобили

Sase Ivanovski
Вчитувам....