Руски и американски претставници разговараат денеска во главниот град на Турција, пренесоа неофицијално повеќе медиуми повикувајќи се на информации од двете страни. Рускиот дневен весник Комерсант пренесе дека делегација од Вашингтон во Ангара ќе разговара со руските претставници предводени од Сергеј Наришкин, првиот човек на СВР, руската разузнавачка агенција, пандан на американската ЦИА.
Официјално Кремљ ниту потврди ниту негираше дека таква средба се одржува, додека Турската страна исто така одби да ја потврди информацијата. Но, Белата Куќа потврди дека директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, престојува во посета на Анкара со цел да го предупреди првиот човек на руската агенција за надворешно разузнавање, на последиците од потенцијалната употреба на нуклеарно оружје во Украина.
Истовремено, од Вашингтон пренесоа дека Брнс, поранешен американски амбасадор во Москва, не води никакви друго преговори со Наришкин. Властите во Киев биле однапред информирани за посетата на Брнс на Турција, со цел да се уверат дека не се разговара за никакво трајно решение на конфликтот во Украина, без знаење на владата на Зеленски.
Информациите за директни средби на високо ниво на американски и руски претставници во последните месеци беа исклучително ретки, но Вашингтон минатата недела потврди дека на пониско ниво веќе биле остварени некои контакти, со цел да се намали ризикот од поширок воен конфликт. Министрите за одбрана на САД и Русија минатиот месец разговарале и телефонски.