Причина за нивното труење е пестицидот „ланате“.
-Години наназат сведоци сме на злоупотреба на смртоносни отрови, нивно расфрлање по високо фреквентни јавни површини (паркови, училишни дворови, детски игралишта; околу влезови и ресторани повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот) масовни труења животни со супстанци кои за десетина минути, по само вдишивање и на најлош можен начин убиваат животни кои тежат и повеќе од 40 килограми, велат од здружението.
Оттаму порачуваат дека барале истраги на терен и меѓуинституционална соработка пред се од МВР, АХВ, општините, проверки по земјоделските аптеки и пазарите, секогаш подржани и од новинарите кои темата ја третирале пред јавноста зошто нѐ засега сите.
-Предупредувавме дека е прашање на време кога ќе настрада човек. Но од страна на институциите со прст не е помрднато, ниту една единсвена мерка никогаш не била преземена, тук тамо некакво декларативно ветување пред јавноста во функција на пр, а најчесто само игнорирање и молк, истакнаа од „Анима мунди“.Според информациите од МВР, снаата почина, бабата е во кома, а синот на Клиниката за токсикологија во стабилна состојба.