19. 7. 10.
Атанас Костовски, Фото: Архива
Шабан Трстена кога го изведе она незаборавно шампионско салто на ОИ во Лос Анџелес во 1984 година на денешен ден имаше само 19 години, седум месеци и 10 дена. Денес е ден за потсетување на историскиот подвиг на нашиот спортски великан. Се сеќавам дека многу години подоцна на страниците на „Слободен печат“ напишав подолг текст – „Сонуваше да биде Мохамед Али, а стана Шабан Трстена“Бројки што ги запишав во Лос Анџелес на 10 август 1984 година. И по 40 години, и по Олимписките игри во Париз што завршуваат утре, бројките остануваат како предизвик за најдобрите светски борачи во слободен стил.Да, момчето од нашиот сокак Шабан Трстена и натаму е најмладиот освојувач на златен олимписки медал во еден од најтешките спортови – борење во слободен стил.
Шабан Трстена кога го изведе она незаборавно шампионско салто на ОИ во Лос Анџелес во 1984 година на денешен ден имаше само 19 години, седум месеци и 10 дена. Денес е ден за потсетување на историскиот подвиг на нашиот спортски великан. Се сеќавам дека многу години подоцна на страниците на „Слободен печат“ напишав подолг текст со наслов – „Сонуваше да биде Мохамед Али, а стана Шабан Трстена“.Текстот овој пат би го дополнил со една селекторска процена, претседателска прогноза и министерска обврска.
…Беше 25 мај 1981 година, селекторот Насе Насев ги беше собрал југословенските репрезентативци на завршните подготовки пред светското првенство во Скопје. На својата 25-та годишнина од гимназиската матура за првпат се сретнав и зборував со Шабан Трстена.Го видов расплакан кај рецепцијата на хотелот кај Кочанското Езеро, па по прашањето „зошто рони солзи“, кусо ми одговори, „туку што дознав од селекторот Насев дека нема да настапам на Светското првенство во Скопје“.
Го прашувам селекторот зошто, а тој како да имаше подготвен одговор: Шабан е најдобар во својата категорија, може да настапи на првенството, но не сакам прерано да изгори. Не сакам да им фрлам јагнешко на гладните волци на „струњачата“. Неговата вистинска шанса се Олимписките игри во Лос Анџелес по три години.
И бидна така. По три години, сега веќе прекалениот Шабан Трстена, од олимпискиот душек еден по еден ги испраќаше своите противници меѓу гледачите на трибините во олимписката сала недалеку од познатиот Дизниленд. Тргна Американецот, па преку Египќанецот, Британецот, Јапонецот (Такада – олимписки и светски шампион), преку Индиецот до Кореецот…
По овој подвиг, се присетив на прогнозата на претседателот на ФИЛА, Роже Кулон, дадена за ТВ Скопје за време на европскиот фестивал во слободно борење одржан во 1968 година во Скопје. „Вие во Македонија газите по злато, треба само да се наведнете и да го имате в раце“.
Пред 40 години на денешен ден конечно Шабан Трстена ја оствари смелата прогноза на Французинот Роже Кулон.
Приказната за бројките од насловот веќе подолго време е раскажана и печатена на латинично писмо. Имаше многубројни ветувања, но никогаш не е доцна, зарем не? Конечно, сега имаме министерство и министер за спорт. Ребалансот на буџетот штотуку помина, но во новиот што допрва треба да се крои, потребна е само една мала сума за капитално дело!
Приказната за спортистот на Македонија за 20 век, време е конечно да се отпечати и на кирилично писмо. На Шабан тоа му го должиме.
(Авторот е спортски коментатор)