Перформативна инсталација во јавен простор Автори: Филип Јовановски и Миодраг Куч Учесници/истражувачи/изведувачи во досегашниот (2021-2022) процес: Миодраг Куч, Филип Јовановски, Јана Брсакоска, Љубиша Арсиќ, Симона Димковска, Кристијан Караџоски, Борис Бакал, Културно ЕХО, City Scope, Луна Шаламон, Дениз Ајдаревиќ, Деница Стојковска како и студентите од архитектонски факултет Скопје: Тамара Џерков, Димитар Милев, Сандра Николовска, Бојана Исијанин, Стефан Танков и студенти од Факултетот за Драмски уметности Скопје: Александар Јовановски, Мартина Данаиловска, Марија Талеска, Мартина Петреска, Иван Вртев.
Продукција: Борис Василески Кураторска поддршка: Ивана Васева Соработници на продукција: Александар Јовановски, Денис Ајдаревиќ, Луна Шаламон, Мартина Петреска Музичка интервенција: Дуо „Алембик“ Локација: Во близина на објектот зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул. „Варшавска“ бр. 23 12:00-13:30 – Прва изведба 13:30-15:00 – Втора изведба Напомена: Бројот на картите е ограничен. Истите можете да ги подигнете само онлајн преку www.bileti.mkc.mk
Во случај на лоши временски услови понесете си соодветна опрема. „На 3 јули 1973, во Скопје, е пуштен во употреба еден објект кој припаѓа на бруталистичката постземјотресна архитектура, зградата на месната заедница Тафталиџе и воедно и културен центар, кој што граѓаните го викаат „Домче“. „Домче” е можеби најмалиот бруталистички објект во светот. „Домче“, во првите години по неговата изградба послужил за сместување на семејства чии домови биле разурнати од земјотресот во 1963 година.
Овој објект подоцна ја опслужувал и потребата на заедницата на сите жители на населбата… Објектот на ДОМЧЕ е една бетонска хоризонтална скулптура, споменик на сеќавањето на заедницата во Тафталиџе. Кога за првпат го видов објектот во основа, ме потсети на павилјонот на Миес Ван Дер Рое во Барселона или можеби споменикот изграден во чест на Карл Лиебнихт и Роза Луксембург, посветен на револуцијата на Спартакистите од 1919 година во Берлин.