29.8 C
Скопје
12/06/2025 10:11
МАКТЕЛ

   

Пресметката на политиката со историјата

      

Најдобрата работа што може сегашнава власт да ја направи околу новиот состав на историската комисијата е да ги остави да се занимаваат пред сѐ со науката, а не со националните интереси.  Политиката е чудесна работа. Вчерашната вистина може да биде денешна лага или нешто поумерено.

Има безброј случаи и овде и во светот. Да земеме само два од последно време. Сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс п,орано беше нареден во стројот „Никогаш трампист“ исфрлајќи пламени гневови против поранешниот претседател, а сега не само што е дел од најтврдокорното јадро „Засекогаш трампист“, туку стана и дел од билетот на Доналд Трамп, како негов кандидат за потпретседател.

   

Или настанот од пред ден-два. Францускиот претседател Емануел Макрон го избра десничарскиот политичар ветеран Мишел Барние за премиер по двомесечниот политички ќор-сокак, на ужас на победникот на парламентарните избори, панлевичарскиот Нов народен фронт. Едната приказна е што Макрон со оваа одлука ѝ ја предаде својата судбина и судбината на Франција во рацете на Марин Ле Пен. Другата е исто така интересна. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побрза да му испрати честитки на Барние. „Знам дека Мишел Барние ги има во срцето интересите на Европа и Франција, како што покажува неговото долгогодишно искуство. Му посакувам успех во новата мисија“.

Барние ги има во своето срце интересите на ЕУ и Франција, но ги нема интересите на Урсула фон дер Лајен. Барем досега. Годинава во март на конгресот на Европската народна партија во Букурешт Барние одби да ја поддржи Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија. Тој како дел на голистичката партија Републиканци одлучи да се воздржи од гласањето. Запрашан дали има на ум подобар кандидат, тој рече: „Нема да давам друг коментар, ви го кажав мојот став“.

Поранешниот преговарач на ЕУ за „Брегзит“ го опиша како „необјасниво“ и „неразбирливо“ тоа што Фон дер Лајен се приклучила на настанот одржан од политичката партија на францускиот претседател Емануел Макрон Ренесанса во октомври минатата година. „Таа дојде да ја започне кампањата на конкурентна листа“, рече Барние.

Тоа беше тогаш. Сега политиката, ако владата на Барние ја добие поддршката во парламентот, ќе треба да биде најблискиот соработник на Фон дер Лајен, бидејќи без моторите на Берлин и Париз и не може да функционира. Нова ситуација, нова амбиција и нови светогледи.

Кај нас јавноста веќе ги исферментираше последнава година сите оние прелетувачи кои добро ја видеа ситуацијата која веќе беше многу извесна, дека СДСМ ќе ја загуби власта, па во чудесноста на политика побрзаа да излезат од тогашното јато и да застанат во редот за прием на новите членови во тогаш опозициската коалиција. Секако, за да добијат некаков вид надокнада. Дали министерски позиции, координаторски, дали некои места во третиот ешалон. Така е, чудата во чудесната политика треба да се случуваат.

Она што е помалку чудо, а повеќе еден вид научна трагедија, е како политиката ја почна и ја продолжува пресметката со науката. Онаа што ја претставуваше македонската држава во историската комисија со Бугарија.

Македонскиот копретседавач во историската комисија со Бугарија,  Драги Ѓоргиев го беше критикуван од премиерот Мицкоски дека „коленичел пред министерски и премиерски кабинети“.
Македонскиот копретседавач во историската комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев го беше критикуван од премиерот Мицкоски дека „коленичел пред министерски и премиерски кабинети“.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Професорите се непријатели“

Целата ситуација е дијаболична. Вообичаено во светот научниците (политички или економски) ја сецираат работата на политичарите кои добиле мандат да ги водат државите. Иако не секаде и не секогаш. Дури ни во САД.

Она што американскиот претседател Ричард Никсон му го кажа на неговиот тогашен советник за национална безбедност, Хенри Кисинџер, е влезено во аналите за однесувањето на политиката кон науката, и медиумите.

„Никогаш не заборавај, печатот е непријател. Естаблишментот е непријател; професорите се непријатели. Професорите се непријатели. Напиши го тоа на табла 100 пати и никогаш не заборавај го“, му рекол Никсон на Кисинџер.

Погоре споменатиот Џеј Ди Венс, пред три години, тогаш како кандидат за сенатор од Охајо, на конференцијата на Националниот конзервативизам ги повтори зборовите „Професорите се непријатели“, изрекувајќи големи пофалби за Никсон. За време на неговиот претходен мандат, Трамп предлагаше големи намалувања на науката и технологијата речиси секоја година, но неекстремистичките конгресни републиканци ги блокираа овие буџетски намалувања. Овој пат, ако победи би било поинаку, бидејќи Републиканската партија стана личен култ на Трамп. Уште полошо, партијата прогласи џихад против американските универзитети, вклучително и водечките институции кои ги поместуваат границите на знаењето.

Новата власт во Македонија не прогласи џихад кон некои од македонските историчари во комисијата, но кампањата што против нив се води барем две години, личи на систем на прогонство, во кое науката треба да се прогласи за непријател на нацијата.  Подготвувајќи ја јавноста за смена на некои членови на комисијата, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бил разочаран од некои од македонските историчари во комисијата затоа што не биле заштитници на „националните интереси на македонскиот народ“, а претседавачот Драги Ѓоргиев го омаловажи велејќи дека „коленичел пред министерски и премиерски кабинети“.

Политиката ја навреди науката и ги определи рамките во коишто таа треба да работи и да размислува. Како во советско време – темата е зададена и науката треба да работи да ги задоволи желбите на политичарите, кои, пак, мислат дека нивните ставови и размисли ја претставуваат целата јавност, народот, па и историските факти.

Премиерот Христијан Мицкоски разочаран од некои од македонските историчари во комисијата затоа што не биле заштитници на „националните интереси на македонскиот народ“
Премиерот Христијан Мицкоски разочаран од некои од македонските историчари во комисијата затоа што не биле заштитници на „националните интереси на македонскиот народ“Фотографија: Government of North Macedonia

Академик Ѓоргиев во интервјуто за БИРН оваа изјава на премиерот ја оцени од научен дискурс: „Неодговорна, па дури и опасна, бидејќи со неа крајно неодговорно се дехуманизираат припадници на академската средина. Притоа, таа се базира на лични видувања, кои, всушност, стануваат државни и праќа порака дека секој што не ги брани националните интереси согласно тие видувања, ќе биде етикетиран и ќе сноси последици. Конечно, таа е полна со популизам, затоа што премиерот се претставува себеси како познавач и заштитник на народните интереси, кој точно знае кои се тие и на кој начин треба да се бранат“.

Додека трае потрагата по нови членови на историската комисија со Бугарија, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, побрза да го ископира премиерот, велејќи дека и тој бил „разочаран“.

Конфузна изјава со јадец

Младиот министер бил „прилично изненаден што деновиве гледам еден научник, кој е коректно платен од страна на државата да си ја врши својата работа, како се обидува себеси политички да се профилира. Ние политичарите, министрите, имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве“, рече Муцунски.

Тој дури даде и совет: „Би дал еден совет. За да бидеме успешна држава сите треба да го работиме она за што сме избрани да го работиме и да бидеме внимателни, бидејќи природата на работата на овие комисии е таква што со мали гестови може да се направи сериозна штета по интересот на нашата држава. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, а тие кои доаѓаат од научната фела при нивниот ангажман да внимаваат да ја вршат својата работа од научна гледна точка по која се ангажирани од државата“.

Изјавата е конфузна, но во неа има јадец. Дали државата сака од научниците да спроведуваат наука или политика. Има доволно луѓе кои би сакале историјата да ја моделираат или да ја толкуваат онака како што би преферирал политичкиот дискурс. Но што ќе биде тоа тогаш – историска наука сфатена низ мултиперспективноста на настаните или политичко пледоаје што треба да се брани со „историски факти“. Дали Французите биле Французи во времето на Карло Велики, како владетел на Франките од династијата на Каролинзите. Или во тоа време – дали Англичаните били Англичани или англосаксонци сотавени од различни видови германски племиња, со кои подоцна се измешале Норманите за време на инвазијата на островот. Или како да се наречат Германците, кога во тоа време и некој век претходно тие земји биле населени од Визиготи, Остроготи, Вандали, Бургундијци, Саксонци, Франки. Што треба сега македонската наука да го прикаже како непобитен факт, онака како што сака политиката и со децении така образованата јавност – дека цар Самуил бил Македонец, а не Бугарин. Можеби бил, а можеби и не бил, само што тешко се наоѓа доказ за тоа. А можеби не бил ни Бугарин, ни Македонец.

Бугарската историографија е испреплетена со политиката, не само во однос кон Македонија. Кога поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов изјави дека „Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја“ за нас тоа изгледаше како несфатлива, чудна изјава, покрај многуте моменти од историјата на Бугарите со кои тие можат да се гордеат. При работата на Историската комисија некои аспекти од таа изјава на Стојанов (која всушност искрено го претстави бугарскиот поглед, според кој беа обучувани генерации и генерации Бугари), станаа појасни.

Премногу текстови се напишани за чудната закоравеност на бугарските членови на комисијата, за нивната неподготвеност да се вклучат и странски научни авторитети во работата на историчарите (со врвно познавање на историјата на регионот), за обидот да се наметне софиската вистина за историјата, за ќор-сокакот во кој е влезена нејзината работа и целосната непродуктивност во последниве четири години.

И министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски „разочаран“ ид некои членови на историската комисија со Бугарија
И министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски „разочаран“ ид некои членови на историската комисија со БугаријаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Проблемот со неможноста историската комисија да продуцира резултати нема да се реши со промена на дел од македонските историчари во неа. Новите кадри што ќе влезат ќе имаат ѓаволска работа да им угодат на политичарите (на овие што сега се на власт) и да ги „штитат националните интереси“. Дали поради тоа ќе се откажат од штитење на нивното академско знаење е интересно прашање.

Членот на комисијата, Петар Тодоров, во интервју за порталот „Рацин“ изјави дека „комисијата може да продолжи да работи само доколку владите во Скопје и Софија официјално се обратат до УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ чии експерти ќе помогнат во усогласување на методологија на работа која на Комисијата ќе ѝ овозможи да работи врз основа на јасни научни и академски принципи“. Тоа во овој момент изгледа како невозможна работа. Бугарските историчари ќе ги штитат националните интереси на својата земја, македонските историчари ќе ги штитат националните интереси на македонскиот народ. На чија штета за иднината ќе биде ваквиот ќор-сокак не е тешко да се погоди.

Најдобрата работа што може сегашнава власт да ја направи околу новиот состав на комисијата е да ги остави да се занимаваат со науката, а не со националните интереси. Некаде пред крајот на комунизмот во Бугарија некои од тамошните историчари ја продуцираа тезата дека и Кристофер Колумбо бил Бугарин. Откако тоа наиде на општ академски потсмев таа тема во јавноста беше повлечена. Во првите години од независноста на Хрватска таму се промовираше тезата дека Хрватите имале историска врска со со Персијците уште од времето на Ксеркс. По еден ужасен коментар во „Интернешенал хералд трибјун“ за приземната хрватска злоупотреба на историјата тогашниот претседател Фрањо Туѓман (самиот историчар) ги пресече како со меч таквите фантастични тврдења.

Наместо да се разочарува и да им дава совети на докажаните историчари Тимчо Муцунски треба да ја ангажира дипломатијата за преку УНЕСКО да се ангажираат странски експерти да помогнат да се усогласи методологија на работата на комисијата. Таков предлог имаше од Германија, но Софија го одби.

Улф Брунбауер, познат историчар од универзитетот во Регенсбург, Германија, кој го проучува регионов, во интервју за „Независен“ од март 2023, на прашањето дали би прифатил, ако му биде предложено, да биде надворешен член на комисијата и таа да работи поефикасно, одговори:

„Веројатно да, иако како надворешен член би бил само како набљудувач и советник, кој не треба да се вклучува во одлуките и да не се однесува како арбитер. Само резултатите со кои двете страни можат да се идентификуваат ќе помогнат да се усогласат различните гледишта, тоа не може да се наметне однадвор“.

Тоа е еден од можните модели на кои треба да работи министерот или премиерот, а не да се разочаруваат од историчарите кои не ги штителе националните интереси. Затоа што на одреден начин одзвонува и ќе одзвонува советот на Никсон: „Професорите се непријатели“.

 

   

Најново

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski

Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

Администрацијата за пет месеци „изела“ три милиони евра само во нови договори за телефони и претплата

Sase Ivanovski

ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, ТРОШЕЛ ОПШТИНСКИ ПАРИ ЗА ДОМАШНИ НАБАВКИ: финансиска со кривична против градоначалникот на Росоман

Sase Ivanovski

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

Sase Ivanovski

САД СЕ ВО ДЛАБОКА КРИЗА Протестите во Лос Анџелес се доказ за внатрешен распад, вели Москва

Sase Ivanovski

Украински војник ослободен од руско заробеништво покажа лузни на телото

Sase Ivanovski

ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ГАЃА АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ АКО ДОЈДЕ ДО КОНФЛИКТ Министерот за одбрана тврди дека сите цели се во дострел

Sase Ivanovski

Постариот или помладиот партнер: Кој е посреќен во врските со голема разлика во годините?

Sase Ivanovski

МНР СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО СДСМ „Амбасадите не се партиски трофеи, туку државни институции“

Sase Ivanovski

Одржана работилница за јакнење на капацитетите на полицијата за заштита на новинарите

Sase Ivanovski

СДММ: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ?

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРКА ОСТАНА БЕЗ 232.000 ДЕНАРИ Скопјанка измамена со приказна дека ќерка ѝ прегазила дете во странство

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ ЗАБОДЕ НОЖ ВО БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Бугарија води несмасна дипломатија, а Македонија добива симпатии во светот

Sase Ivanovski

Клековски вели дека новата директорка на кочанската болница, д-р Катерина Мирчовска, „импресионира на прв впечаток“

Sase Ivanovski

Врховниот суд ја потврди 6-годишната затворска казна за експретседателката на Аргентина поради корупција

Sase Ivanovski

Северна Ирска: трета ноќ по ред немири во Балимена

Sase Ivanovski

Координирана акција на БЈБ за спречување на нелегална трговија со дрога, извршени претреси на повеќе локации во Велес

Sase Ivanovski

Во Полска пристигнуваат уште 180 тенкови

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека не сакал да собира медиумски поени, ама откри дека тајно се сретнал со семејствата на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Славески: Дополнителна работа не е срамота, и јас во Америка работев во супермаркет

Sase Ivanovski

ПАПАТА ЛАВ Е ДАЛЕЧЕН БРАТУЧЕД СО ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА Неочекувано откритие во светот на спортот

Sase Ivanovski

ПАПАТА ГИ КРИТИКУВА НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ „Нема простор за зони што нè одделуваат од соседите“

Sase Ivanovski

ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар

Sase Ivanovski

НБМ: Внимателно да се следи инфлацијата, нема промена во монетарната политика

Sase Ivanovski

Леа (15) од Косово е меѓу убиените во масакрот во австриски Грац

Sase Ivanovski

На пациент во прилепската болница за првпат му е вграден имплант во рака

Sase Ivanovski

Јаневска ќе ги враќа децата од странство – Вратете се тука нема ни учебници да ви тежат на грбот

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за лица под 15 години

Sase Ivanovski

Управниот суд може да го поништи изборот на шестмина судии во Апелација

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана

Sase Ivanovski

Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

Sase Ivanovski

Османи- Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба

Sase Ivanovski

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Поднесени 1400 пријави за самовработување, ќе се реконструира Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

КХС: Доста со манипулации – вистината заслужува да се каже!

Sase Ivanovski

YouTube ги „олабавува“ правилата: Не отстранува говор на омраза – ако е во јавен интерес

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев продолжува да го подржува спортот, особено кога станува збор за младите

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши се обрати на 113-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева: Пристојната работа мора да биде столб на секоја иднина

Sase Ivanovski

Мицкоски го демантира Филипче за авторитарна власт, СДСМ му испрати листа на аргументи

Sase Ivanovski

Обвинителството бара доживотна казна затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Sase Ivanovski

Софија бара исполнување на францускиот предлог. Дополнителни услови нема , му кажал Георг Георгиев на Тимчо Муцунски

Sase Ivanovski

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Sase Ivanovski
Вчитувам....