22.4 C
Скопје
20/05/2025 12:59
МАКТЕЛ

     

ПРЕСУДАТА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ ЌЕ БИДЕ ИЗРЕЧЕНА НА 13 МАЈ Семејството бара максимални 20 години затвор, одбраната бара да престане линчот

      

Бранителот Сашо Дуковски укажа на судската пракса за вакви дела, посочувајќи на сообраќајната несреќа на истата локација од другата страна на Партизанска од 2018 година, каде со признание на вина е досудена казна од 3,5 години затвор, како и на сообраќајната несреќа во Велес, каде животот го загуби 11 годишно девојче, за што возачот го негираше делото и се обидел да избега, а доби 8 години затвор. Пресудата за случајот со прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13 мај. На денешнотосудење Кривичниот суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за сообраќајката што се случи на крајот на јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје. Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. На денешното рочиште се изведуваа само доказите што се однесуваат на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред Судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од 3 години и 10 месеци и 5 прекршочни постапки за разни сообраќајни прекршоци, кои не се процесуирани. Бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски пред Судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 година и видео со времетраење од 36 секунди. За тоа видео рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење, кога извикувал „леле што направив“ и „греота за девојчето“. Обвинителот Марковски му посочи на Судот да пристапи со должно внимание на оваа снимка, со оглед на квалитетот на звукот и дека тоа што било кажано е така од збор до збор. Обвинителот во завршниот збор рече дека со оглед на даденото самопризнание останува на обвинителниот акт и го повика Судот да го прогласи за виновен и казни по закон, согласно изведените докази.

   

Адвокатот на семејството Кулакови во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во завршен збор рече дека е невозможно да го прифати видеото и дека Васил не се пријавил самостојно, туку „други му кажуваат, инаку тој ќе фател штрафта“. – Бараме најстрога казна и да се испрати порака дека ако државата е болна, барем судот заздравува. Васо не ја уби сам, тројца ја убија нашата ќерка – рече тој. СРЦЕТО Ѝ БЕШЕ РАСПУКАНО, СИТЕ КОСКИ ИСКРШЕНИ Возачот Васил призна вина, родителите на Фросина бараат 20 години затвор за свирепото прегазување на ќерката

Бранителот на Јованов во завршен збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство. – Овој кривично-правен предмет не е само предмет што доби медиумска помпа, туку се претвори во јавна хајка и линч против обвинетиот. Од првиот ден се повикуваше на линч и смртна казна. Да, Васил е виновен, но не може да се бара смртна казна. Сметам дека Република Македонија е демократска држава и владее закон, а не законот на линч и око за око, заб за заб – изјави адвокатот Сашо Дуковски. Тој повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, а ако било така обвинителот ќе го гонел и за неукажување помош по несреќата. Дуковски укажа и на судската пракса за вакви дела, посочувајќи на сообраќајната несреќа на истата локација од другата страна на Партизанска од 2018 година, каде под дејство на алкохол со признание на вина е досудена казна од 3,5 години затвор, како и на сообраќајната несреќа во Велес, каде животот го загуби 11 годишно девојче, за што возачот го негираше делото и се обидел да избега, а доби 8 години затвор.

Обвинетиот Васил Јованов во завршен збор пред Судот уште еднаш изрази каење за случајот. – Не можам да објаснам какво каење чувствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам – изјави Јованов. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот Партизански одреди во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288, став 4 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 4.11.2022 до 30.1.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти.

   

Најново

Марија Дуда: Додека јас работам за доброто на животните и радоста на луѓето нема да ме реметите со инспекции за 6 месеци – 4 различни

Sase Ivanovski

Муцунски: Утрово остварив средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сабри Азири: Членството на АА се противи на одлуката на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Grizzly планински еко центар – уникатна дестинација на најубавиот видик на Козјак!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што ќе добие Македонија од новиот стратешки партнер, Британија? Владата негира дека ќе се отворат кампови за азиланти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа: Зошто ВМРО-ДПМНЕ одби да го поддржи предлогот на СДСМ за помош на семејствата на жртвите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Револтот за паркинг во Скопје прераснува во забавен бунт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХУМАНИТАРНА ТРКА ЗА ПОГОДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Sase Ivanovski

Гарип Каба: Хибридниот режим на ( НеВреди) започна прогон, ги уапси моите двајца синови

Sase Ivanovski

Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Девојкава е од Франција и моментално е на три месечна обука за ткаење во @narodninosii33 во Скопје на Рекорд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Принципи, бројки, моќ и превласт – што се стои зад превирањата во ВРЕДИ?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги осуди заканите за санкции упатени од лидерите на Велика Британија, Франција и Канада

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ го усвои 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Sase Ivanovski

Собранието ја прифати оставката на Таравари

Sase Ivanovski

ВЕРО Маркети со летна наградна игра и вредносен ваучер од 500.000 денари „Ова лето купувај, цела година уживај“

Sase Ivanovski

Ќоку: Остануваме лојални и доследни на договорот, со 10 члена сме најголемата албанска пратеничка група

Sase Ivanovski

Бугари „без врска“ ѕврцкале на бројот 112, казнети се со по 5.000 евра!

Sase Ivanovski

Царината го „фрли окото“ на автоплацевите, граѓаните да бидат на штрек

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Кога имате огромни проекти, трошокот треба да го споделите и со идните генерации

Sase Ivanovski

Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Sase Ivanovski

Зеленски: Ако Русија постави услов наши војници да се повлечат од наша земја, тоа значи дека не сака примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден клуб во Келн го отвора својот подиум за танцување во 6 часот наутро за сите што сакаат да се забавуваат пред да одат на работа. Вклучени се појадок, кафе и ритам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На 17 мај во Милано се случија насилни судири меѓу италијанската полиција и левичарските групи

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Новиот стратешки договор носи проектно и поевтино финансирање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи и модернизација на железничката инфраструктура, во земјава ќе има и засилување на контролите за борба против организираниот криминал

Sase Ivanovski

Левица: Дали Тошковски во минатото застапувал судски спорови против МВР преку разрешениот началник на СВР Штип?

Sase Ivanovski

Трамп сè уште може да биде запаметен како траен миротворец

Sase Ivanovski

САД нудат до 10 милиони долари за информации за Хезболах во Латинска Америка

Sase Ivanovski

ИДФ спречил обид за шверц на оружје од Египет во Израел со помош на дрон

Sase Ivanovski

Тајван сака мир со Кина

Sase Ivanovski

ЕУ денес за санкциите против Русија и ситуацијата на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Анализа: За 19 години, десет министерски смени во здравство

Sase Ivanovski

Седница на Уставен суд – на деневен ред иницијативата на „Еко свест“ со која се оспорува Законот за животна средина

Sase Ivanovski

Сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Трамп ги информираше лидерите на ЕУ и Зеленски за разговорот со Путин

Sase Ivanovski

Ушаков: САД и Русија планираат да разменат по девет затвореници

Sase Ivanovski

Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

Sase Ivanovski

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Авион на „Луфтханза“ летал без пилот 10 минути: Копилотот се онесвестил додека бил сам во кабината

Sase Ivanovski

Западен Балкан во ќорсокак: Заматената европска перспектива го храни национализмот

Sase Ivanovski

Фетаи: АА е сè уште во власта – од 50 функционери, само тројца поднесоа оставка

Sase Ivanovski

Првиот инвестициски циклус од британскиот заем ќе изнесува 2,2 милијарди евра, вели Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Како ќе се одредат британските фирми што ќе ги градат брзата пруга за Солун и болниците во Штип и Кичево?

Sase Ivanovski

УЈП почна со исплата: Граѓаните заработиле скоро 13 милиони евра од скенирање

Sase Ivanovski

Mакедонската економија годинава ќе порасне за 3 отсто, предвидува Европската комисија

Sase Ivanovski

Анализа на „Скај њуз“: Путин го надмудри и понижи Трамп

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Градиме уште еден мега парк и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Во изминативе 10 месеци исплативме околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на субвенции

Sase Ivanovski

Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот

Sase Ivanovski

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

 Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет потпишаа Меморандум за соработка, со значење за студентите, но и за Република С. Македонија

Sase Ivanovski

Град Скопје: Продолжува реконструкцијата на улицата Волково

Sase Ivanovski

СДСМ: Мачно е да се гледа како Лефков ја брани расцветаната корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повратот на ДДВ кон етаблираните компании оди без застој, се проверуваат компаниите за кои добиваме аларм од воспоставениот систем  

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Фискалнaта консолидација останува приоритет – првпат намален јавниот долг во првиот квартал од годината

Sase Ivanovski

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski
Вчитувам....