Планинарите се почесто забележуваат како изворите на Шарпланинскиот масив каде порано дури и во летниот период изобилувале со вода, сега во некои од нив речиси и да нема капка вода. Климатските промени си го прават своето, но и човечкиот фактор е пресуден иста така за ваквата состојба.
„Обично планинарските тури ги организираме во пролетниот и летниот период и сите евидентираме дека навистина шарските извори пресушуваат, ова е тажно за една планина која во минатото бликала со вода, а токму Шара е карактеристична по изобилство на вода. Но, против климатските промени ништо не можеме, но тука лоша улога има и човекот кој со своите девијантни појави кои со децении ги прави на Шара го поместува текот на изворите и водата се губи, вели Снежана Новаковска претседателка на планинарскиот клуб Тетекс.
И додека на Шара се помалку има извори, во градот под Шара поради бетонизација со високи градби и без циркулација на воздухот пеколно жешко, а некои населби се и со рестрикции во водоснабдувањето, особено горниот дел на Тетово.
Од Центарот за јавно здравје со препораки.
„Мора да се внимава имаме топлотен бран, граѓаните да внимаваат кога излегуваат, но и да внимаваат како ја користат водата. Затоа што сега имаме специфична ситуација, имаме доволно издашност на изворите од двата водоводи и над 400 литри вода во секудна, а некои населби немаат вода, оти голем број од тетовци нерационално ја користат водата за пиење, треба малку да бидеме посовесни, рече доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.