17.8 C
Скопје
14/03/2025 19:32
МАКТЕЛ

    

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

      

                              Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ којашто под нејзино покровителство се одржува во Охрид до 29 август 2024 година.

Истакнувајќи дека македонскиот јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаат не само национално, туку и пошироко интернационално значење, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека истиот е сјаен преплет на врвна наука, едукација во пракса, развој на лекторати по македонистика во светот, соработки, вмрежувања, нови проекти, како и културна дипломатија. Претседателката додаде дека верува дека развојот на културниот туризам како важна општествена и економска гранка, како еден од приоритетите навистина ќе вроди со плод.

   

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Добредојдовте во Македонија и во древниот град Охрид, изворот на писменоста и просветата и на врвните цивилизациски вредности како науката, културата и уметноста. Убедена сум дека овде се преплетуваат  убавините на природата и слоевите на историјата, археологијата, културното и духовното наследство како сведител на човековата креативност и постоење низ времето.  Затоа и од мене, добредојдовте во  Охрид, македонскиот Ерусалим, во градот на УНЕСКО, во културната метропола, во туристичката метропола на Балканот и на Европа, во градот синоним за култура.

Чест ми е да го поздравам големото или огромното македонистичко академско собрание кое токму денес се сплотува кон нов подем, кон нови чекори во историјата, која се гради, која се згуснува со енергии и потенцијали од целиот свет – слевајќи се во голема македонистичка научна идеја кон развојот на македонистиката, предводена од оваа култна културна институција за мене 57 години – Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, едно од моите омилени места. Од денес сум сигурна дека, како што рече директорката, македонистичкото научно „семе“ ќе биде посеано уште еднаш не само овде, туку и ќе биде расфрлано и развеано ширум светот.

Со гордост ќе кажам дека дејноста на Меѓународниот семинар е достоен континуитет на величествената мисија на сесловенските просветители, првоучители, на културните дипломати и визионери – Светите Кирил и Методиј, чија мисија, доследно ја продолжија и ја развиваа најверните им ним ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски. Веќе беше споменат великанот Блаже Конески.

Тој ја препозна мисијата на Светите Кирил и Методиј како: „почеток на едно моќно раздвижување“, а за дејноста на Свети Климент Охридски, истакна дека тој е: „организатор на еден центар, на едно од првите и најсилните словенски културно-просветни и црковно-религиозни средишта, во чии рамки дејствуваше и прочуената Охридска книжевна школа.“ За овој период, Конески вели: „(…) Македонија зрачеше широко во словенскиот свет. Тоа време е одамна минато, но ние, се разбира, не само што не го забораваме, ами сé посилно го вклучуваме во нашата разбудена историска свест.

Верувам дека стануваме со тоа сè посвесни за улогата на нашите културни центри во тоа далечно време, намерно велам во множина – центри, зашто Светиклиментовиот или Охридскиот центар е секако најважниот, но не  единствениот.“ Историјата на културните, просветните и духовните процеси –  длабоко е вградена, втисната во нашата суштина, во нашето битие, нашиот македонски ентитет, и затоа поимите: македонски јазик, писменост, литература и култура треба да бидат овековечени во: културната историја, но и во културната и историската меморија. 

Повторно ќе го споменам големиот Гане Тодоровски, роден пред токму 95 години, кој македонствуваше и ќе продолжи да македонствува– низ песна и низ наука, говори за присуство на „еврозбор“ на нашето тло, оти Европа – нам ни е дома, и оти срцето на Европа чука од културните древнини и убавини на Македонија.

И оти историјата на уметноста и археологијата – нам ни се сведоци, нам ни се сожители, како што филологијата, историјата на македонскиот јазик, дијалектологијата и сите лингвистички, книжевно-историски и културолошки дисциплини, аргументирано сведочат за големата традиција и историја која спаѓа и во светското културно наследство.

Почитувани присутни,

Драги пријатели,

Македонскиот јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаат не само национално, туку и пошироко интернационално значење. За мене семинарот е сјаен преплет на врвна наука, едукација во пракса, развој на лекторати по македонистика во светот, соработки, вмрежувања, нови проекти, но пред се како и културна дипломатија. Развојот на културниот туризам како важна општествена и економска гранка, верувам дека како еден од приоритетите, навистина ќе вроди со плод.

Импозантна е бројката на досегашни учесници на летните и зимските школи, на меѓународните конференции – над 4000 учесници од околу 60-тина земји. Многу ме радува фактот што 65 семинаристи – македонисти  од  17 земји, од денес, од овој момент ќе запловат во македонистиката. Охрабрува податокот што македонистиката е во подем и што предизвикува голем интерес во светот, преку дејноста на 11 македонистички лекторати што треба да се зголемат, да се умножат и преку повеќе универзитетски центри, каде што се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура.

Ние треба или ние мора да покажеме институционална грижа за развој на дејноста на Меѓународниот семинар и лекторатите, потребно е да се развива високообразовна, научна и културна размена преку дијалог со светот, а важно е да се поттикнува и културната дипломатија што веќе ја споменав, која е прекрасен мост на соработка и прозорец кон светот, но и прозорец кон нашите културни трезори и најнови достигнувања. Искажувам гордост и радост што од годинава, Летната школа започнува со обновен концепт со визија, предложен од директорката на Меѓународниот семинар, проф. д-р Кристина Николовска, што е видливо од агендата.

Програмата, покрај редовната лекторска настава и пленарни предавања по македонски јазик и македонистика, од годинава, со нова енергија и идеи, започнува палета нови содржини кои ги краси креативност и иновативност. Амбициозната програма предвидува богати содржини како, на пример, амбиентална и интерактивна настава, веќе беше спомената Перипатичката школа, а ова интерактивна звучи сократовски, а јас се декларирам како сократовка, културно-историски екскурзии во манастирските комплекси Свети Наум и Плаошник, во јадрото на стариот град Охрид, во рајот на природата Вевчани, во поетска Струга и „Струшките вечери на поезијата“ и Спомен куќата, исто така, на браќата Миладинови.

Особено ме радува што професорите и семинаристите ќе одат „По стапките на Свети Климента“, почнувајќи од Плаошник, изворот на сèсловенската писменост и култура, а потоа ќе предаваат во спомен-куќите на: Прличев, Робевци, Узунов и Уранија, чекорејќи по славните сокаци на древниот град, каде секое камче има археолошка вредност.

Сево ова е показ и доказ дека Семинарот е – дом. Топол дом на македонистиката, чии прозорци водат кон знаење и наука, но и кон културно-историски и природни убавини на овој прекрасен бисер на Европа и Балканот – древниот град Охрид, кој го краси бисерното Охридско езеро. За среќа Охрид е и мој дом, мое родно место. Со солзи во очите доаѓам и си заминувам одовде. Дури и сега мислам дека езерото пее на македонски.

Почитувани,

Во својство на покровителка, чест ми е да ја прогласам за отворена 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и да им посакам успешна работа на семинаристите, на предавачите, на лекторите и на сите учесници. Посакувам длабоко македонистиката да има постојан развој и да продолжи биде вечна мисијата и дејноста на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

На крајот, во право беше еден професор, претседател на Светското здружение за филологија и лингвистика кога по ходниците во Стразбург слушајќи ме мене како набрзина зборувам македонски, ме запраша: „Мадам, на кој јазик зборувате?“ Јас реков: „На македонски.“ Неговиот коментар беше: „Звучи како да пеете, а не како да говорите“.

Благодарам.

  

Најново

Револуција на доставата во Македонија: My Box пристигна!

Sase Ivanovski

Германија нема да ги регистрира граѓаните на Косово како државјани на Србија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дарко Перушевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува зошто го одбрале овој чекор и што значи тоа за инвеститорите.“

Sase Ivanovski

По одлуката на Софија да не ја гради пругата кон Македонија: Николовски ја пријавил Бугарија во европските институции

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Срдечна средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, господинот Бранко Азески

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Искрен професор по квантна медицина

Sase Ivanovski

Слободан Трендафилов: Европска синдикална поддршка на ССМ и на нашата борба.

Sase Ivanovski

Гаши: Имерлије Салиу Фетаи имаше само процедурална улога

Sase Ivanovski

Роман на годината 2024 – ,,Светот што го избрав” од Калина Малеска. 🏆 Честитки! ☺️

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ гласаат а не прочитале за што, дел од пензионерите нема да добијат покачување

Sase Ivanovski

Општина Центар го санкционираше изведувачот за проблемот со затнатата канализација на улицата Мирче Оровчанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ – НОВА ГРАДЕЖНА ВИЗИЈА!

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ НА ТЕРЕНСКА ПОСЕТА ВО БИТОЛА

Sase Ivanovski

Министерот Таравари го посети најмодерниот болнички центар во Словачка: Виртуелната медицина – иднината на здравството и во Северна Македонија!

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”, Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо, секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со денешното делување во Собранието, СДС сакаше да го спречи покачувањето на пензиите

Sase Ivanovski

Во МОН повеќе нема злоупотреба на средства за лични хирови како во изминатите 7 години

Sase Ivanovski

Министерот Таравари ја посети болницата Бори, најмодерна и најголема во Словачка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога брои нека брои точно и нека го погледне својот двор на дадени тендери на омилената фирма од Пласница

Sase Ivanovski

Мицкоски: Досега изградени се 20 спортски објекти во 10 општини, продолжуваме со инвестиции во спортот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

Мицкоски: На Врховен суд си ставија човек од кожната фотелја од штабот на ДУИ, на корумпираните судии и обвинители ќе им се случи народ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Спасовски: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на Деловникот на Собранието и правата на пратениците

Sase Ivanovski

Мицкоски: Работиме на мега инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра

Sase Ivanovski

Шест лица, од кои четворица полициски службеници, биле повредени вчера при судир на „пасат“ и „голф“ во Куманово.

Sase Ivanovski

Крај на една ера: Донатела по 27 години ја напушти позицијата креативен директор во модната куќа Версаче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Жени кои кршат стереотипи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОДЕКА КОПАЛЕ ТЕМЕЛИ ЗА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЈА ЗАБЕТОНИРАЛЕ КАНАЛИЗАЦИЈАТА, ФЕКАЛИИТЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ВО ОКОЛНИТЕ СГРАДИ

Sase Ivanovski

КАКО НАБАВКИТЕ ЗА ДРЖАВНИТЕ РЕСТОРАНИ СТАНУВААТ РАСИПНИШТВО НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Sase Ivanovski

Се истенчи подршката за бугарската влада, се разоткри изборната измама

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕЛЕЕМ: Колку дизајнот на ентериерите на угостителските објекти влијае на социјалните интеракции меѓу луѓето? И колку спремноста за социјална блискост, влијае на дизајнот на ентериерите во Скопје?Гости архитект Елена Марковска и дизајнер на ентериер Драган Стојановски

Sase Ivanovski

Трамп сам си се прозва, обвини па се помилува

Sase Ivanovski

Членките на ЕУ постигнаа договор за продолжување на санкциите кон Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

Зеќирија Ибрахими: Повикот за бојкот е страв од пораз

Sase Ivanovski

Лишено од слобода лице затекнато при кражба во Прилеп

Sase Ivanovski

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој: Успешно ги завршуваме инфо деновите, ИПАРД инфо караванот беше на 29 локации низ Македонија

Sase Ivanovski

МЗШВ: Се реализираше исплата на мерките за одгледани и продадени или заклани бројлери и за амортизирани несилки

Sase Ivanovski

Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти

Sase Ivanovski

Европските синдикалци до Владата: Престанете со притисоците до ССМ, битката за работнички права е легитимна!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ново депо на пајак-службата на 2250 м² со нови куќарки, видео надзор и контролни рампи

Sase Ivanovski

Брдаровска: Локалните младински совети повторно заживуваат, Владата ги поддржува младите

Sase Ivanovski

Хамас ќе го врати последниот преживеан американски заложник и четири тела

Sase Ivanovski

Ласовска: Кадрите на СДС и ДУИ метастазираа недоверба во сите институции, мора да се бориме и да го слушаме народот

Sase Ivanovski

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Сали Фетаи

Sase Ivanovski

Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана, седницата треба да продолжи по паузата

Sase Ivanovski

Ако денес не добијат плата, вработените во Пошта во понеделник на штрајк

Sase Ivanovski

 ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВО ДЕПО НА „ПАЈАК“ СЛУЖБАТА НА ЈП ПОЦ

Sase Ivanovski

Ако инспекциите не проверат, Обвинителството ќе истражува како професорот Фатон Мурсели градел на Шапка

Sase Ivanovski

Герасимовски: Крводарителска акција во понеделник во општинската сала на Совет – биди нечиј херој!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов работи на штета на работниците, ги користи за свои лични интереси и да одработува за СДС

Sase Ivanovski

Поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ обвинети дека го уценувале Нетанјаху

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Општините се архитекти на локалниот развој, креатори на промените и гласот на граѓаните“

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од Министерство?

Sase Ivanovski

Се истенчи поддршката за бугарската влада, се разоткри изборната измама

Sase Ivanovski

Полјаците сакаат во нивната земја да биде распоредено нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Карпош од понеделник ќе дава субвенции за нов велосипед или електричен тротинет

Sase Ivanovski

Членовите на АФЕТ во вторник ќе расправаат за Предлог-извештајот на ЕП за напредокот на Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Украинците им ја оставија западната опрема на Русите во Курската област

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Претседателот на Парламентот на Република Српска за време на расправата: „Сите треба да ги убиеме“

Sase Ivanovski

„Е-капитолијада“ во Аеродром: Ќе се избира креативна маска направена од електричен отпад

Sase Ivanovski

Гробар во Берово откопувал покојници, па останките ги фрлал во ѓубриште

Sase Ivanovski

Сообраќајната полиција казнила 807 возачи

Sase Ivanovski

Поради тонењето на земјоделството, загрозена е безбедноста на храната на Хрватска!

Sase Ivanovski

Повик за бојкот на супермаркетите во Косово во сабота

Sase Ivanovski

Инженерската институција на Македонија го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Образованието во фокус на Владата, се градат 7 нови училишта, 300 апликации за капитални проекти во општините, Центарот за обука на МВР доби меѓународна сертификација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер партнерите на СДС, ДУИ и мазут мафијата која го труела народот, неопходни се суштински реформи во судскиот систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Кирков: ЈП Комунална Хигиена не е способна да менаџира со постоечките вработени, а камо ли да вработува нови, градот е нечист и претворен во депонија

Sase Ivanovski

ПРЕТСТАВКА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

Sase Ivanovski

Нова емисија од проектот ГРАДИМЕ ДА ТРАЕ на НАША ТВ!

Sase Ivanovski

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

Sase Ivanovski

СДСМ: Одговорноста за високите сметки на струјата е кај Владата на Мицкоски

Sase Ivanovski

Вработените на белградскиот аеродром “Никола Тесла” од полноќ започнуваат штрајк, кој ќе трае 24 часа

Sase Ivanovski

Норвешкиот нов подморски тунел долг 27 километри ќе го намали патувањето од 11 часа на само 35 минути

Sase Ivanovski

Една фамилија го поседува пола Лондон

Sase Ivanovski
Вчитувам....