Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.
Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.