6.8 C
Скопје
06/12/2024 01:46
МАКТЕЛ

 

 Претседателот Костадиновски: Можна е подготвителна седница,предлог до Собранието и други алатки за граѓаните добро да ги информираме за Законот за употреба на јазиците

     

Почитувани, Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски гостуваше во „Само интервју” на Канал 5 телевизија кадешто зборуваше за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Судот, даде правни аргументи за предмети кои се веќе завршени и искажа свое лично мислење за најавените реформи во правосудството. 

 

Претседателот Костадиновски одговори на обвинувањата на политичките субјекти и уште еднаш испрати порака до граѓаните дека Уставниот суд не ја укина уставната одредба за соодветна и правична застапеност, туку т.н. „Балансер” како неуставна алатка и подзаконски акти кои регулираат јавни огласи во кои се бара изразување на националноста, при што ги демантираше сите обвинувања од политиката кои  беа упатени до Уставниот суд изминатиот период.

  

Кажа дека добро го познава Охридскиот рамковен договор бидејќи како тогашен советник на претседателот Борис Трајковски сведочел на подготовката и потпишувањето на тој договор, што упатува на  доброто познавање на важноста и значењето за граѓаните од помалите заедници. „Уставниот амандман е внесен во Уставот во 2001 година како резултат на општествена нужност и никој не го спори тоа. Тој бил и општествено оправдан и општествено нужен.

Тоа претставува афирмативна акција основана на два постулати. Првиот е остварување на некоја легитимна цел, а вториот е кога се исполнува легитимната цел, почнува да продуцира дискриминација. Темелната вредност на соодветна и правична застапеност останува во Уставот, ние сме укинале одредби кои операционализираат. Оваа темелна вредност со текот на времето се судира со други уставни норми.

А, се остварува преку два принципи, односно нееднаквост во нееднаквоста и нееднаквост во еднаквоста,тие два даваат различен резултат. Кој принцип ќе го избере Законодавецот, тоа зависи од него.” На прашањето зошто Судот не беше единствен во одлуката, туку имаше и судии со различно мислење кои не поддржаа укинување на Балансерот, Костадиновски објасни: 

„Едногласните одлуки секогаш имаат поголем авторитет, но сепак одлуката на Судот се носи со најмалку пет гласа и легитимно право е на судиите да издвојат мислење, јас сум рекордер по издвоено мислење, имам 50 издвоени мислења. Со индигнација ги отфрлив сите обвинувања за етничка или политичка одлука. На самата расправа вкрстивме аргументи.

А, за обвинувањата дека со етничко надгласување е донесена одлуката, може и обратно да се постави прашањето, на пример дали тие судии користеле уставно-правни аргументи?. Подготвувајќи се за ова интервју најдов натписи од 2007 година за поништувањето на Законот за употреба на знамињата, со истите обвинувања дека одлуката е етничка, политичка дека е тајно сценарио за дестабилизација на државата.

Истото, значи 2007 година, а сега сме 2024 и 17 години се поминати. Значи ние на некој начин не прогресираме, имаме стагнација на демократскиот капацитет.”За овој предмет претседателот Костадиновски појасни дека како судија-известител го завршил уште во Февруари, со што ги отфрли обвинувањата за носење на одлуки во временски период погоден за одредени политичари . 

Потврди дека е веројатно Законот за употреба на јазиците да биде во декември, а за наводните најави за бојкот на таа седница од страна на неколку судии, претседателот одговори дека постојат механизми кои ќе спречат блокирање на работата на Судот. На прашањето, дали  може  да се случи таа седница да не се одржи годинава, Костадиновски изјави дека и тоа е можно, но дека не сака да верува во такви сценарија. 

„Јас не сакам да верувам во такви сценарија но неспорен факт е дека јас како претседател на Судот сум обврзан со Заклучок  да сите девет судии бидат присутни на седницата и се додека е на сила тој Заклучок поради сензибилноста, поради важноста на предметот, поради импликации итн, да се одлучува во полн состав.

Се додека не се донесе нов Заклучок, тој е на сила. Но не значи дека нема да можеме да го смениме и да донесеме друг заклучок. Ние, не одлучуваме за употребата на јазиците, ние во тие иницијативи одлучуваме за примената. Никој не треба да трепери и да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, ние едноставно треба да видиме што во тој закон е неуставно.

Можеме да продолжиме да глумиме владеење на правото, можеме уште пет години уште десет години. И по тоа повторно да се прашаме и да добиеме квалификации „заробена држава” „хибриден режим.. Јас пред неколку дена бев на Меѓународна конференција во Приштина по повод одбележување 15 години од постоењето на нивниот Уставен суд.

Пред сите кажав дека нивниот суд е инспирација за сите нас, бидејќи има срушено две влади, два парламента и сменето двајца претседатели. Ниеден суд во регионот не покажал таква одважност и одлучност. А тоа е битно бидејќи на тој начин се гради уставната култура и сите останати власти, три пати ќе помислат како постапуваат затоа што знаат дека постои Уставен суд што може да одлучи и да спречи некоја нивна намера”.

Претседателот на Уставниот суд најави дека ќе ги искористи сите можности за граѓаните да бидат објективно информирани и да ја знаат вистината, при што ја остави отворена можноста за подготвителна седница за овој предмет, барање совет од Венецијанската комисија, но и можно  искористување на одредби од новиот Акт кои ќе дадат насока за интервенции на евентуалните неуставни делови од Законот, до Собранието. 

„Слушајќи ги сите овие обвинувања, ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатки кои ни стојат на располагање, за да некој начин ги амортизираме обвинувања.  Ние не може секој ден да одиме на телевизии и да полемизираме со политичарите. Ние сакаме на граѓаните да им се обраќаме. Сите опции се во игра. И подготвителна за материјалниот дел. Венецијанската комисија излезе со мислење за законот, но ние имаме право да побараме amicus curiae, тоа се вика пријателски совет ако утврдиме спорни правни прашања. 

Како суд, за да ги амортизираме сите овие обвинувања за наводно етничко, па политичко постапување, јас како претседател а верувам и моите колеги сме спремни на некој начин да ги разубедуваме политичарите а воедно да им се обраќаме на граѓаните, дека нашите одлуки ќе бидат уставно втемелени. И ниту земаме ниту даваме право.

Воопшто не се доведува под закана употребата на јазиците, туку само начинот, примената, како е операционализиран. И никој не треба да стравува од нашите одлуки, напротив можеме да им ја олесниме работата. Исто како колегите уставни судии во 2007 година кога не ја доведувале во прашање употребата на знамињата, туку начинот на кој е имплементирано.

Така да, сите можни средства ќе ги искористиме, но не за да им удоволиме на политичарите, но сакам граѓаните да ја знаат вистината и да си бидат спокојни. Уставниот суд само цени дали нешто е согласно со Уставот, а Владата и Законодавецот да бидат благодарни, нашите одлуки треба да им бидат многу корисна алатка,водич какви закони да носат. 

Да заклучам, можно е подготвителна седница, можно е да бараме Amicus curiae од Венецијанската комисија, можно е алатката од новиот акт и да одлучиме да изразиме сомнеж па да го пратиме во Собрание на доработка. ”На прашањето како може Уставниот суд за овој предмет да го искористи новиот Акт и да го испрати на доработка во Собранието како спорен?

„Апсолутно може. Тоа значи дека доколку во првата фаза на постапување, односно поведување на постапка, тоа не значи дек Судот одлучил туку дека изразил сомнеж. Се влегува во втора фаза потоа, со тоа да му дадеме рок на законодавецот не подолг од шест месеци да се усогласи со нашите стојалишта. И таа е корисна алатка и може да се употреби”.  Прашан што доколку Собранието не постапи во рок од шест месеци да интервенира во Законот за јазиците, Костадиновски одговори:

„Тогаш стапува на сила втората фаза и доколку најдеме неуставни одредби се носи одлука, укинувачка или поништувачка. ”Претседателот Костадиновски даде свое лично мислење за најавените реформи во правосудството, при што потенцираше дека не поддржува колективна одговорност, наспроти индивидуалната одговорност. 

„За мене е важно пристапот, решенијата за кои ќе се одлучи власта во решавање на овие прашања. Тие имаат легитимно, уставно овластување да нормираат, но мене поинаку ми се поставува прашањето, со години гледаме уставни, законски реформи а работите на полошо одат.

Тоа укажува дека ние треба нешто друго да менуваме, менталниот код, вредносниот ситем. Јас не верувам во колективна одговорност, тоа е рецидив на едно претходно уредување. Индивидуалната одговорност влева поголема доверба. Па неодамна имавме случај, врховен судија призна дело, дали тоа значи дека сите врховни судии го направиле тоа дело? Тоа е клучно. Не сум толку сигурен дека со законски нормирања би се смениле работите,” изјави претседателот Костадиновски. 

 

Најново

Прес за вчерашната 44та Седница на Совет на општина Пробиштип и објавата на ДПМНЕ Пробиштип. Граѓаните не смејат да бидат манипулирани и да се пласираат неточни информации

Sase Ivanovski

Драган Анастасов Ладич: Во тек е реконструкцијата на повеќенаменското игралиште во склоп на подрачното училиште во населба Пробиштип

Sase Ivanovski

Драган Анастасов Ладич: Деновиве во нашата општина во тек е хортикултурно уредување

Sase Ivanovski

Што мисли Народот – Гостин: Драган Анастасов-Ладич – Градоначалник на Пробиштип

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Садењето дрвја е инвестиција во здравата животна средина!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) После 30 години салата Расадник добива нов, современ лик

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Најдобар начин да се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост е со отворање на првата инклузивна училница на отворено, како и нова сензорна соба

Sase Ivanovski

Бадникова работичница во Кисела Вода

Sase Ivanovski

ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ НИТУ ВАГА

Sase Ivanovski

ЗАМЕНИК ШЕФИЦАТА НА НАТО ПОВИКА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ СВОИТЕ ВОЕНИ КАПАЦИТЕТИ И ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПОМОШТА КОН УКРАИНА

Sase Ivanovski

Јаневска: Учениците влегле и си поиграле во е-дневникот, наставниците да внимаваат

Sase Ivanovski

Патувањето до факултет им е скапо на студентите, немаат никаков попуст на билетите за меѓуградски превоз

Sase Ivanovski

Прорускиот кандидат за претседател на Романија со огромна финансиска помош

Sase Ivanovski

Ќерка со психички растројства обвинета за обид за убиство на мајката

Sase Ivanovski

Обвинение за уште една узурпација за паркинг во Чаир

Sase Ivanovski

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Sase Ivanovski

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Sase Ivanovski

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Sase Ivanovski

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

Sase Ivanovski

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ НА ОБСЕ ВО МАЛТА СРЕДБА ДИМИТРОВСКИ- БЛИНКЕН: ПОДДРШКА ОД САД ЗА ДИЈАЛОГ СО СОФИЈА ЗА ОТКОЧУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ФОТО) МЕЏИТИ: ЗАСАДУВАМЕ НОВИ 800 ИЛЈАДИ САДНИЦИ ВО ПЕТ ЛОКАЦИИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Обраќање на претседателката Сиљановска Давкова на одбележувањето 100 години од основањето на Научниот институт за тутун – Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Европските интеграции остануваат наш врвен стратешки приоритет, работиме на реформите кои ќе обезбедат владеење на правото, транспарентност и ефикасност на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Боки 13 повторно ќе добие затворски отпуст или ќе се врати на доотслужување на казната?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) #CLICKPLUS со Фани Каранфилова-Пановска, заменик претседателка на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Непристоен предлог“, Калјаџиев за партиските луѓе во Советот за граѓански надзор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најава „360 Степени“ (5. 12. 2024) – Што кажа и што и кажаа на Владата во Брисел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: За јавните средства: кој и како ги троши?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студио 10 – Гостување на Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ШУМСКАТА МАФИЈА ПОДМЕТНУВА ПОЖАРИ И ПРЕЗЕМА 40% ОД ПАЗАРОТ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Ако сакаме подобро јавно здравство ќе мора да одвојуваме повеќе за здравствено осигурување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Тешки Муабети“ со Стевче Јакимовски, Мечка и Миќо – епизода 73, петта сезона

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каде се парите? Пари за пензии секогаш ќе има, ама за друго, без реформи, тешко

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВИДИВАКА: Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ вечерва ќе одржи предавање „Дизајн активизам“ на Архитектонскиот факултет во Скопје, со почеток во 20:30 часот, во рамки на својата мисија за глобално единство

Sase Ivanovski

Нови 210 висококвалитетни дрвја денеска беа засадени во Градскиот парк во Куманово преку проектот „ЕУ за чист воздух“

Sase Ivanovski

БОЈКОТОТ ВРОДИ СО ПЛОД: МОН ФОРМИРАШЕ КОМИСИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО НАСИЛНИОТ УЧЕНИК

Sase Ivanovski

Дроновите патролираат врз државната граница.Посветено продолжуваме со ефикасен граничен надзор

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ПОВТОРНО ЌЕ „ЗАЧИСТУВА“ ПО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗА ТРИ НА КОНКУРС СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Панче Тошковски: Платите на полицајците во 2025та година ќе бидат покачени минимум 10%

Sase Ivanovski

ГЛАС НА АМЕРИКА: ЗОШТО СЕ ПОМАЛКУ НОВИНАРИ ОСТАНУВААТ ВО ПРОФЕСИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

Sase Ivanovski

„МАРКОВСКИ КОМПАНИ“ ЈА ЗАГРОЗИЛА ЕНЕРГЕТСКАТА СТАБИЛНОСТ НА МАКЕДОНИЈА, РЕК БИТОЛА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ Сите три блока на комбинатот произведуваат струја

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ МОЖАТ ДА ОТПОВИКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК Ѓорѓиевски откри дека работни групи веќе подготвуваат законски измени

Sase Ivanovski

ГРИПОТ ГИ ПОЛНИ БОЛНИЦИТЕ Регистрирани се 65 нови случаи

Sase Ivanovski

📽️ СВЕТНА УНИКАТНАТА ЕЛКА ВО ЊУЈОРК Дрвото е украсено со ѕвезда со 3 милиони Сваровски кристали и 50.000 сијалички

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА РЕВОЛУЦИЈА Криптовалутите наскоро ќе бидат легални во Македонија?

Sase Ivanovski

НЕОНАЦИСТИ ПЛАНИРАЛЕ АТЕНТАТ ВРЗ ЏОРЏА МЕЛОНИ Инспирација им била истоимена група од времето на Втората светска војна

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Сириските бунтовници го зазедоа и Хама стратешкот важен град за Асад

Sase Ivanovski

Захарова: Русија се обврза да ја спречи Украина да се здобие со нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Форум на ЗЕЛС: Потребни се колективни напори за да се спречи насилството врз жените и девојчињата

Sase Ivanovski

Грузискиот премиер се закани дека ќе ја уништи „либерално-фашистичката“ опозиција

Sase Ivanovski

Ѝ се заканува ли на Франција финансиски оркан?

Sase Ivanovski

Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание

Sase Ivanovski

Мицкоски зацртал три фази за решението со Бугарија, уште е во првата

Sase Ivanovski

Сибиха на состанокот на ОБСЕ: Кога Русите велат „мир“, мислат на заклани цивили, масовни гробници и срамнети градови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

Sase Ivanovski

Петрушевски: РЕК Битола работи со трите блока, раскинат договорот со фирмата „Марковски компани

Sase Ivanovski

Меџити: Никој не е над законот, да оставиме судот и обвинителството да го расчистат случајот во Куманово

Sase Ivanovski

Јовановска Стојановска (психолог): Очигледно има потфрлување во системот на образование во случајот со третоодделенецот

Sase Ivanovski

На иницијатива на МОН, формирана интердисциплинарна комисија за случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: НАЈГОЛЕМИОТ БОЖИЌЕН МАРКЕТ НА БАЛКАНОТ Е ВО ПРИШТИНА?!

Sase Ivanovski

(ФОТО) МАРИЈА ДУДА: Вчера беше интернационалниот ден на лицата со попреченост или народно кажано само тој ден каде на сите им текнува на нив ,а другите денови во годината се резервирани за сожалување место давање шанса за социјализација ,дружба ,креирање исти можности на таквите семејства во државата

Sase Ivanovski

ТРИЧКО: Кило чварки во Веро чини колку кило јунешки бут

Sase Ivanovski

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ КАПИТЕН НА ФК РАБОТНИЧКИ ДРАГИ ПЕТРОВСКИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР АНДРЕА СИЛВЕСТРИ

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово палеле автомобили од семејството на Џелал Бајарми!

Sase Ivanovski

Средба на координаторот Никола Мицевски со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА – 9 ДЕКЕМВРИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дурмиши: Пониски цени на над 650 производи во „Новогодишната кошница„-општествено одговорна акција на владата и бизнисот за подобар животен стандард

Sase Ivanovski

Asst. Sumea Ramadani appeared as a guest on Sitel TV’s morning show

Sase Ivanovski

IBU alumni Majda Gusinac Delivered Guest Lecture Titled “Turning a Public Relations Degree into a Career”

Sase Ivanovski

Field Visit to Lear Corporation

Sase Ivanovski

IBU Professors and Students Participate in Financial Literacy Days Organized by the National Bank of North Macedonia

Sase Ivanovski

IBU’s Faculty of Law held its fourth “Thursday Debate”

Sase Ivanovski

Legal Clinic Organizes Workshop on the Elements of Crime

Sase Ivanovski

IBU Academics Participate in the 5th International Congress of Bilingualism Studies and European Turks

Sase Ivanovski

IBU Marks the International Day for the Elimination of Violence Against Women

Sase Ivanovski

Turkish Court of Accounts Delegation Visits IBU

Sase Ivanovski

IBU Hosts Digital Media and National AI Language Model Forum

Sase Ivanovski

International Balkan University Hosts Symposium on Palestinian Struggles

Sase Ivanovski
Вчитувам....