Гаши истакна дека Балканскиот универзитет несомнено е еден од најдобрите во земјава, со голем придонес во развојот на образованието. Овој Универзитет има споено различни етникуми, успевајќи да ги надмине границите на државава. Притоа, може да се пофали со одлични кадровски решенија.
Ректорот Сунар беше дециден дека треба да се продолжи со реформскиот процес, да се пратат трендовите, затоа што студентите се иднината на секоја земја. Во таа насока тој ќе достави кус извештај со забелешки и идеи за пребродување на проблемите со кои се соочуваат во целосното функционирање на системот, вклучувајќи ги студентите, администрацијата, професорите. Креирањето образовни можности е добра политика, а најдобро место за тоа е законодавниот дом и Министерството за образование и наука.
Соговорниците изразија надеж дека напредокот на Балканскиот универзитет кој трае низ годините, ќе го задржи континуитетот и во идниот период, а во Собранието ќе има отворена врата за поддршка, помош и соработка, сѐ во функција на добробит за граѓаните.