19.8 C
Скопје
24/06/2024 03:41
МАКТЕЛ

  

     

 

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

      

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.Воедно, претседателот Пендаровски ја проследи проекцијата и на анимираниот филм „Грозомор“според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во рамки на чествувањето на јубилејот претседателот Пендаровски ќе ја посети изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов проследена со перформансот „Треба да бидеме подобри“.

   

Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија”. Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата – 21 март, покрај чествување на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

 

Почитувана г-ѓа Азуле, Генерален директор на УНЕСКО,
Ценети екселенции,
Дами и господа,
Денеска, на Светскиот ден на поезијата, тука, во Париз, прославуваме два големи јубилеи – 100 години од раѓањето на знаменитиот македонски поет Ацо Шопов и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

   

     

Овие исклучително значајни пунктови во нашиот социо-културен развој нѐ потсетуваат дека задачата на уметникот отсекогаш била да поставува критички прашања во светот и за светот и времето во кое живее. Книжевниот корпус на нашиот великан Ацо Шопов е парадигма за тоа дека поезијата и севкупната уметност, не припаѓа само на естетското, туку е длабоко вкоренето во етичкото и хуманото.

„Дали ова време што го живееме и чии граници човештвото ги раширува фантастично смело и фантастично брзо, не е и време што ја убива поезијата?“ Ова е време на „научни достигнувања што ја оставаат зад себе и најсмелата и најбогатата фантазија“, време на технички чуда и „роботи што можат за неколку мига да напишат песна што ќе ги задоволи сите естетски барања. Дали нашето време е мртво за поезија, или пак таа е мртва за него?“

Со овие зборови Ацо Шопов ги отвори првите Струшки вечери на поезијата во далечната 1962 година. Далечна, а, сепак блиска затоа што додека зборуваме, алгоритмите на вештачката интелигенција веќе генерираат текстови што ги имитираат големите книжевници. Шумот на социјалните мрежи и медиуми ја нарушува тишината неопходна за уметничко промислување и согледување на светот.

И како и во времето на Шопов, некои сметаат дека научниот и технолошкиот напредок и современите предизвици ја истиснуваат човековата потреба да создава поезија. Значењето на слободата, правдата и демократијата како клучни човекови достигнувања стануваат жртви на војната, вклучително и онаа во Украина. И денес, распнат меѓу многубројни стравови, кризи и војни, светот „морничаво настојува да се најде себеси.“

Затоа, и ние, како и Шопов, сме соочени со дилемата: Дали нашето време е мртво за поезија? Чуму ни се поетите и уметноста? Одговорот би можеле да го бараме во животот и творештвото на Ацо Шопов. Иако најважните пораки во неговата поезија не се експлицитно кажани, туку се имплицитно сугерирани, сепак можеме да препознаеме неколку клучни параметри.

Првата поетска вертикала на Шопов е слободата. За време на Втората светска војна, како партизан учествуваше во создавањето на современата македонска држава, а потоа, како поет се вгради во темелите на современата македонска книжевност. Неговото име е врзано со почетоците на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонската академија на науките и уметностите. Ацо Шопов е еден од основачите и прв претседател на Струшките вечери на поезијата како наша прва и до ден-денешен жива поетска република.

За Шопов, поезијата помага во исцртување на контурите на човековата иднина како „огромно поле за слободно манифестирање на сите негови духовни способности во постојан натпревар со себе си и со другите.“ Според него, поезијата не е само естетско доживување, туку и „конкретен активен однос и етички став кон битните проблеми на животот.“ Како свест и совест на општеството, „поетот не смее да молчи“ пред системските неправди. Со моќта на зборот поетот треба контракултурно, па дури и субверзивно, да критикува и да еманципира.

Втората поетска вертикала на Шопов е еднаквоста. Во време кога нееднаквоста меѓу глобалниот север и југ се зголемува, се проширува, поезијата има улога на еквилибриум. „Во поезијата нема високо и средно развиени земји и земји во развој,“ велеше Шопов. Поезијата им дава еднакво достоинство на различните. Самиот еднаш истакна дека „на големите литературни региони не им е сеедно како се однесуваат кон нив малите … литературни средини“ со нивните нови и свежи видици. А,токму Ацо Шопов е еден од неколкуте поети со кои македонската книжевност ја задолжи и европската и светската култура.

Третата поетска вертикала е човечноста. Ацо Шопов исцрта широк поетски круг во кој има доволно место за сѐ што е хумано. Поаѓајќи од идејата дека „најдолг и најтежок е патот до човекот“, Шопов веруваше во магичната моќ на поезијата да го очовечува животот. Никој не се чувствува како туѓинец во неговата лирика бидејќи тој зборува за човечките болки, страдања и надежи.

Како амбасадор во Сенегал, Ацо Шопов се увери дека „зад секој национален и регионален симбол се крие човекот“ и дека запознавајќи ги другите, полесно и побргу се запознава себеси и својата татковина. Шопов во националната поезија препознава „свет со универзални димензии и универзално значење“, и разви космополитизам вкоренет во татковината и родољубие насочено кон светот. Само поети како Ацо Шопов и неговиот франкофонски брат, Леополд Седар Сенгор, можат да се „нурнат во неизмерните длабини на душата и духовниот свет на својот роден крај и од него да излезат со пораки за човештвото.“ Затоа Шопов можеше со полно право да каже: „за мене светот е татковината, а татковината светот“.

Но, за овие три вертикали на слободата, еднаквоста и човечноста да не бидат сведени на убави желби, потребно е уште нешто. А тоа е сочувствување со страдањата на светот. И повторно Шопов ни го покажува патот затоа што тој секогаш настојувал светот и настаните околу него да ги доживува како лична судбина и да се идентификува со нив. Но, освен што со длабока емпатија ги доживува оние кои се маргинализирани, Шопов се чувствува одговорен кон нив и да ги застапува. Токму поистоветувањето со немоќните му дава сила да не молчи пред општествените и системските неправди и преку силата на зборовите да ја менува реалноста.

Дами и господа,
Имајќи ги во мислите трите вертикали во поетскиот опус на Шопов, на крајот повторно се враќаме на дилемата: дали нашето време е навистина мртво за поезијата?
Токму тука, во Париз, во 1977 година, седејќи во едно бистро спроти Операта, опкружен со млади луѓе од целиот свет, Ацо Шопов го слушнал нестивнатиот глас на Париската комуна. Слушајќи го нивниот џагор, тој размилувал за визијата за една „светска комуна“, како заедница на млади луѓе од секој јазик и култура обединети во борбата за слобода, еднаквост и братство меѓу луѓето и меѓу народите.

Еден од клучните двигатели на таа визија е УНЕСКО, кое пред 20 години ја воспостави наградата „Мостови на Струга“ за најдобра збирка од поет-дебитант од светот. Тоа е дел од она што Шопов го нарече „општокултурен фронт за афирмација на сопствените културни вредности и за прифаќање на сите творечки дострели до кој се извишил човечкиот дух денес во светот.“ На тој начин, Струшкиот фестивал, со помош на УНЕСКО израсна во вистинска и цврста врска меѓу поетите од целиот свет.

Драги пријатели,
Во една прилика Ацо Шопов истакна дека „поезијата е една од најсуштинските човекови одредби, нешто што историски се раѓа и живее со него па затоа нејзиното одречување значи одречување на човекот како човек.“ И со тоа самиот ни ја разреши дилемата. На нашето време поезијата му е потребна повеќе од било кога порано.
Ви благодарам.

    

Најново

Бајдевски, Петровска – Кој сака да биде претседател на СДСМ? – Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

Видео: Терористи во Русија нападнале црква и синагога, има жртви

Sase Ivanovski

Смокови нападнале гулабарник во штипско Лакавица – пердуви на сите страни

Sase Ivanovski

Терористички напад во Русија – напаѓачи пукале во црква во Дагестан, убиени се двајца полицајци

Sase Ivanovski

„Макрон ја доведе Франција на чекор од напуштање на ЕУ“

Sase Ivanovski

Трамп: Го избрав потпретседателот на САД

Sase Ivanovski

Се подготвува ли местенка на ЕУРО 2024 – на две селекции им одговара 0:0 за 1/8 финале

Sase Ivanovski

ЦУК: 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие

Sase Ivanovski

Нетанјаху повтори дека САД ги задржуваат тиспораките на оружје за Израел, откако Вашингтон веќе ги отфрли тие тврдења

Sase Ivanovski

Несреќа во висококатница во Азербејџан – паднал лифтот, во него имало пет жени

Sase Ivanovski

Во Битола контра парада со знамиња со исус и црковни совети за “вистински семејни вредности“

Sase Ivanovski

УШТЕ ЕДНА КОБНА НЕСРЕЌА НА ХАЛКИДИКИ Загина 25-годишен Албанец

Sase Ivanovski

Внук (19) ја нападнал својата баба во Охрид

Sase Ivanovski

„Фајненшл Тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во Украина вредна 800 милиони евра

Sase Ivanovski

Бројот на Египќани кои починаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија се искачи на 672

Sase Ivanovski

УЕФА го казни и Фудбалскиот сојуз на Албанија

Sase Ivanovski

Компјутерска измама кружи во Албанија, премиерот Рама ги предупреди граѓаните

Sase Ivanovski

Курти со повик до малцинските заедници да се пријавуваат за работа во јавните институции

Sase Ivanovski

Пеп Гвардиола одмора во Дубровник

Sase Ivanovski

Руско МО: САД сносат „одговорност“ за нападот на Украина на Крим

Sase Ivanovski

„Не се штедете“! – Петар Ниновски и Живко Мукаетов ги советуваа младите на денешната конференција „Чувари на мудроста“

Sase Ivanovski

VIKING CRUISES – Доаѓаат два нови брода

Sase Ivanovski

Со новиот српски воз од Белград до Скопје ќе се патува за помалку од два часа

Sase Ivanovski

ФЗО НЕ ПРАВЕЛ КОНТРОЛА КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО Алармантен извештај на Државниот завод за ревизија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ ВЕЛИ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА СЕ ВОДИ ЛИЧНА БИТКА Еден од кандидатите за лидер не верува во социјалдемократските вредности

Sase Ivanovski

Галант: Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“

Sase Ivanovski

Зелените со амбиција да станат дел од мнозинство во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Олена Зеленска: Најлошо е ноќе, плачам и внимавам децата да не ме видат

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата

Sase Ivanovski

Стојаноска: Кадрите за министри во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чесни, вредни, посветени и екстремно подготвени

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Венецуела

Sase Ivanovski

Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти

Sase Ivanovski

Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања, а дипломатијата да ја употребиме во функција на економијата

Sase Ivanovski

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Sase Ivanovski

Тренчевска: Нема нов почеток со стари корумпирани кадри

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Изјавата на Мицкоски за употребата на името е во согласност со договорот

Sase Ivanovski

Почина поранешниот пратеник од Кочани, Миле Андонов

Sase Ivanovski

Деспотовски: Мора да обезбедиме секој член што сака да гласа, да гласа

Sase Ivanovski

Нападнат е Киев – ранети најмалку две лица, ракети летале околу станбени згради

Sase Ivanovski

Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената од Кратово која им пресуди на сопругот и свекорот

Sase Ivanovski

Лукаревска: За неколку дена ВМРО-ДПМНЕ погазија многу ветувања

Sase Ivanovski

Тетовци ги санираат последиците од големото невреме

Sase Ivanovski

Битиќи: Размислувам за кандидатура за лидер на СДСМ, но на партијата не и се потребни дополнителни поделби

Sase Ivanovski

ЦЕЛА УЛИЦА СО РАСФРЛЕНИ БЛОКОВИ ОД ЛИМ Невремето направи хаос и во Аеродром

Sase Ivanovski

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

Sase Ivanovski

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Валдера ја промовираше новата песна “Заборави”

Sase Ivanovski

СВЛЕЧИШТЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Возилата не можат да се движат

Sase Ivanovski

Крмов побара од Мицкоски да даде заклетва без Северна

Sase Ivanovski

АЈДЕ НЕКА Е ЗА АРНО, ЗА УБАВО, ОД ВЕЧЕРВА МИЦКОВСКИ Е ПРЕМИЕР: Собранието избра Влада на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка

Sase Ivanovski

Гаши: Владата ќе се гласа најдоцна до 23 часот, можно е пак да снема струја

Sase Ivanovski

ЦУК: Во поплавена куќа во Јегуновце има заглавено семејство

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ЕДНА ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА за моите правнуци… дедо Петар сликан со легендарниот пловен дрон Stalker 5.0 – Made in Ukraine, со кој е потопена 60% од руската црноморска флота – Черноморский флот ВМФ России

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Проблемот е што нема да имаме КРЕДИБИЛНА опозиција, што е опасно по државноста!

Sase Ivanovski

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Поплавени подруми и куќи во Тетово – барање да се исклучи струјата во градот, има опасност од струен удар

Sase Ivanovski

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

Sase Ivanovski

Екс пратеникот од СДСМ паднал од кровот на викендичката на Осогово и починал

Sase Ivanovski

Поплавени куќи во Тетовско, пожарникарите бараат исклучување на струјата во градот

Sase Ivanovski

ЛУД ДИЗАЈН НА ЗГРАДА ВО ЗЛАТИБОР

Sase Ivanovski

Почина осуммесечно бебе на пат кон скопските клиники – било неухрането

Sase Ivanovski

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Во градот е хаос, паднати паноа, дрвја, сообраќајот е парализиран

Sase Ivanovski

Почина Исуф Кадриу, беше уредник на Алсат и дописник на РСЕ

Sase Ivanovski

Мисовски: Направивте општа хистерија дека ќе го вратите името и ќе го поништите Договорот со Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојан Андов беше еден од ретките политичари кој има дадено оставка од функција во Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Sase Ivanovski

МНР ги повикува македонските државјани да го напуштат Либан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Километарска колона на влез во Скопје кај Автокоманда – причина е падната метална ограда од надвозник, паднати дрва и големи езера во кои пропаднаа коли и се расипаа

Sase Ivanovski

Синдром на неказнивост

Sase Ivanovski

Град Скопје: Општините а не градот е надлежен за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари

Sase Ivanovski

Цистерна се превртела на автопатот Градско – Велес

Sase Ivanovski

Контраадмиралот Риналди нов командант на Операцијата на ЕУ во Медитеранот „Ирини“

Sase Ivanovski

СИРИЗА: Го осудуваме новото прекршување на Договорот од Преспа од господинот Мицкоски

Sase Ivanovski

Младата Мартина од Битола е девојката која загина во Грција Трите нејзини другарки се во болница

Sase Ivanovski

Инфраструктурните проекти кои сега ги ветува ВМРО-ДПМНЕ се почнати од владата на СДСМ, рече Ковачевски

Sase Ivanovski

Родители, не ги отфрлајте вашите деца, бидете спектакуларно непослушни – Парада на гордоста во Скопје

Sase Ivanovski

Не чекајте како мене 44 години, не барајте изговори, станете татковци – нема поубаво: Марко „Дај побрзај“ за татковството

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЖЕШКО СЕЛФИ ОД АМАЛФИ Џеј Ло не крие дека ужива сама на јахта

Sase Ivanovski

ОСМИ ПО РЕД Нов напад врз украинската енергетска инфраструктура

Sase Ivanovski
Вчитувам....