ПРЕТСТАВКА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС
Од: Илија Бендевски – (Здружение на инженери на Република Македонија
Предмет: |
Претставка за постоење на сериозни индиции за штетен и противзаконски договор за закуп на гасен капацитет од терминалот во Александрополис, Грција, со барање за поништување на договорот и покренување на истражна постапка за одговорност |
Почитувани, Врз основа на објавените информации и изјави на официјални претставници, јавно реагираме и бараме итна институционална постапка за расветлување и решавање на случајот со закуп на капацитет за природен гас од терминалот во Александрополис, Република Грција. Имено, од октомври 2024 година, согласно изјавата на министерката за енергетика, Република Македонија месечно плаќа околу 300.000 евра за закуп на преносен капацитет за природен гас кој не се користи. Ова значи дека буџетот на државата годишно се оштетува за сума поголема од 3,5 милиони евра. Договорот, кој наводно е склучен за период од 15 години, останал активен и покрај тоа што земјата не остварила удел во сопственоста на терминалот – услов кој според кажувањата бил основа за преземање на обврската. Со оглед на големината на финансиската штета и фактот што станува збор за јавни средства, бараме:
1. Итна ревизија на договорот од страна на Владата и надлежните институции, со цел негово поништување доколку се утврди дека е склучен спротивно на интересите на државата.
2. Покренување на истражна постапка од страна на Јавното обвинителство, со цел утврдување на евентуална кривична и материјална одговорност на лицата кои го склучиле или овозможиле спроведување на овој договор.
3. Објавување на содржината на договорот и вклучените страни, во интерес на транспарентност и информирање на јавноста.
Неопходно е итно да се дејствува за да се спречи понатамошно трошење на јавни средства за услуга која не се користи и да се испрати јасна порака дека нема неказнивост за вакви штетни договори. Во спротивно, довербата на граѓаните во институциите дополнително ќе се наруши.
Со почит,
