Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава гужви, додека некои од селата околу Скопје се отсечени од јавен превоз кон централното градско подрачје. Од „Слобода превоз“ денеска информираа дека возачите вчера попладнето одлучиле да штрајкуваат, а денеска пред градските бараки се појавија со нивните автобуси. Тие тврдат дека долгот кон „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ на ЈСП-Скопје и Градот Скопје изнесува повеќе од еден и пол милион евра и дека тие се соочуваат со извршители, поради кредити и долгови за набавката на нафта со која возеле на линиите.

Возачите денеска дојдоа пред бараките на Град Скопје за да се сретнат со градоначалничката; Фото: Мета.мк

   

Приватните автобуски превозници од пред Град Скопје порачаа дека имаат 221 автобус и дека не е возможно ЈСП-Скопје да ги замени со нивни автобуси и возачи на сите градски и приградски линии  во главниот град.„Дојдовме овде да побараме културно и цивилизирано средба со градоначалничката Арсовска. Сметаме дека е погрешно информирана, сакаме да ги чуе нашите аргументи во прво лице. Доведени сме на раб на глад“, изјавија од „Слобода превоз“.Тие додаваат дека се спремnи веднаш да почнат со работа на линиите, доколку Градот Скопје се одлучи да пушти средства, додавајќи дека не ги бараат сите пари одеднаш. Возачите на приватните превозници предупредија дека ако до петок не им се пуштат пари, ќе започнат со блокирање на скопските улици, како порадикална форма на протест.