Приведени петмина дрвокрадци во Прилеп
Приведен бегалец од затвор, ќе биде вратен во казнено-поправната установа
Денеска (03.11. 2022) во 17.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп пред новата автобуска станица во Прилеп е лишен од слобода К. Р. (30) од с. Октиси,Струга, кој претходно бил пријавен дека денеска околу 11 часот избегал од КПУ Затвор Битола. Лицето ќе биде вратено во казнено поправната установа.
Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога
На 31.10.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Аеродром – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(22) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.