Пред половина час приведени се поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов кој неодамна си даде оставка. Обвинителството и МВР не ја потврдуваат информацијата во поглед на идентитетите на приведените, но очевидци за „Слободен печат“ сведочат дека конкретно Ратко Димитровски излегол од дома во придружба на полициски службеници, по што бил внесен во полициско возило. Димитровски беше градоначалник на Кочани од 2009 до 2017 година.
Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс“. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации Обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, велат од Јавното обвинителство.
Во времето кога градоначалник бил Ратко Димитровски, општината прво одобрила паркинг за неколку возила, но откако Димитровски дознал дека сопственикот ќе го користи објектот како дискотека, му наложил на раководителот на одделението за уреедување на градежно земјиште да ја поништи одлуката. Документот е во прилог.