Приведен криминалец баран со потерница На 09.11.2022 околу 17.00 часот на улица „Вера Циривири-Трена“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец С.И. за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Приведен криминалец баран со потерница Денеска (10.11.2022) во 12.55 часот на ул.„51“ во нас.Стопански двор во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и тим потраги при Одделението за криминалистички потраги Ѓорче Петров го лишиле од слобода Г.П.(68) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.