Дваесет и деветгодишниот И.С од тетоското село Церово бил приведен вчера од страна на полицијата. Како што информираат од СВР Тетотво, тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката.
Без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите. „И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, информираат оттаму.