ПРИЗНАНИЕ И 3000 ДЕНАРИ ЗА ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ГАЗИ БАБА
Утрово имав средба со учениците од општинските основни училишта од општина Гази Баба кои се избрани за ученици на генерацијата 2015/2024, која оваа година го завршува основното образование.
Прогласени ученици на генерација се:
Мила Велковска – ООУ Наум Наумовски Борче;
Михаил Цветкоски – ООУ Григор Прличев;
Милан Стојчевски – ООУ Стив Наумов;
Александар Додевски – ООУ Кирил и Методиј;
Ангела Ѓорѓиевска – ООУ Наум Охридски;
Нух Авдиу – ООУ 25 Мај;
Милена Ивановска – ООУ Његош;
Бисера Дрндар – ООУ Крсте Мисирков;
Андреј Петровиќ – ООУ Крум Тошев;
Давид Арнаудов – ООУ Дане Крапчев;
Ева Митевска – ООУ Вера Јоциќ.
Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците кои се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда од 3000 денари и признание за постигнатиот успех.
Оваа активност се воведе со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба бидејќи наша должност е да го почитуваме и наградуваме успехот на најдобрите ученици, а со тоа да бидеме мотивација за сите останати.
Им честитам на учениците за постигнатиот успех и посакувам да продолжат да бидат успешни средношколци, а потоа и студенти!