Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка. Вели дека го нападнал непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран. Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција. Димитров предупреди на растечкото насилство и нетолеранција во македонското општество, кои, според него, произлегуваат од атмосфера на неказнивост.
фото Фејсбук/Никола Димитров