Нивните практични искуства се од големо значење за развој и надградба на нашиот национален систем за безбедност и урбана сигурност, особено во справувањето со современите безбедносни закани. Преку разговорите со азербејџанските колеги и посетите на институциите се отворија можности за идни конкретни проекти, заеднички обуки и унапредување на нашите безбедносни капацитети. Азербејџан се покажа како земја со извонредни решенија за урбана безбедност и управување со транспортот, кои можат да ни послужат како пример за успешно справување со ваквите безбедносни предизвици. Голема благодарност до азербејџанските домаќини за професионалноста, гостопримството и пријателскиот пристап кој уште повеќе ги поврза нашите две земји.




