Почитувани, Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена. Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.
Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите. Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име. Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат