Италијанската управа за конкуренција (AGCM) денеска соопшти дека започнала истрага против луксузните модни групи Армани и Диор поради наводната експлоатација на работници во нивниот синџир на снабдување.Обвинители во Милано наредија неколку фирми во кинеска сопственост, со седиште во Италија и кои произведуваат луксузни стоки за Диор и Армани, да бидат ставени под вонредна управа.
Тие се обвинети за систематска злоупотреба на нивните вработени.
Во соопштението, AGCM нагласи дека нејзината истрага се фокусирала на некои компании на Групацијата Армани и некои компании на групацијата Диор контролирана од LVMH, додавајќи дека дејствувала како одговор на дејствијата на обвинителите во Милано. „Компаниите (Армани и Диор) можеби поднеле невистинити тврдења за етичка и општествена одговорност, особено во однос на работните услови и усогласеноста со законитоста кај нивните добавувачи“, соопшти антимонополската агенција.Тие се ставени под истрага „за можно незаконско однесување при промоција и продажба на артикли и додатоци за облека, што го прекршува (италијанскиот) Кодекс на потрошувачи“.