Подигањето на домашните капацитети, продолжувањето на модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и надополнување на реформите и трансформацијата на безбедносно-разузнавачката заедница, врз основа на професионализација и департизација е клучен приоритет за државата но и сите земји од регионот се со цел да се изгради отпорност од дестабилизација. А моменталната безбедност на Балканот не е загрозена, но има глобални ризици за кои треба да се внимава и реагира превентивно.
Ова се дел од заклучоците од денешната конференција одржана во Скопје за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (ACW) организирана од Стејт департментот и регионалната иницијатива „Балканската безбедносна мрежа“ (BSN).