Проектот со катната гаража е запрен, фирмата всушност бара исплата за испуштена корист, судот одлучи во нивната корист, но од општината велат дека сега ќе поднесат ревизија до Врховен суд и очекуваат сумата да биде намалена. Во 2018 година, компанијата ја тужеше Општина Центар и го доби спорот во кој докажуваше дека е оштетена што тогашниот градоначалник Андреј Жерновски го раскинал договорот за изградба на катна гаража. Тогаш сметката на општината беше две недели блокирана.
На денешната седница во општина Центар, како 27 точка и последна на дневен ред беше предлог суспензивен елаборат за Дебар маало, но тоа не се разгледа бидејќи советниците немале конкретни информации.