Тие велат дека деновиве само наутро и навечер ги загреваат домовите, што ќе придонесе да заштедат некој денар во семејниот буџет.
„Навечер пуштам клима половина час и толку. Може да се заштеди. Во домот не е студено. Порано какви мрезеви имаше, сега е топло, а кој е навикнат на постудено, засега нема ни потреба за огрев“, вели Олга П, пензионерка.
Повозрасните се сеќаваат дека порано во овој период од годината било студено со врнежи од снег.
„Наутро имаме 0 степени, а преку ден 20 степени и тоа е лошо за здравјето, тие температурни разлики, додека за греење е добро. Јас само наутро палам оган, се греам на дрва и малку попладне по 17 часот кога ќе застуди. Јас имам 74 години и паметам дека имаше години кога во овој период по цел ден ни требаше греење“, објаснува Паунка Н, пензионерка.
„Во развојот на житните култури има циклуси. Овие временски услови се поволни за житариците. Имаме влага во почвата, имаме и топлина и тие треба да се развијат за да можат да ја дочекаат зимата, а потоа и пролетта кога ќе има потхранување. Класична зима со минусни температури и снегови обично се очекува околку 15-ти декември“, вели Аневски.
Засега нема најави за снежни врнежи. Метеорологот Славчо Попоски објаснува дека овие температури кои ги имаме сега и кои се релативно пролетни може слободно да се каже дека се и сосема очекувани и тоа бидејќи се наоѓаме под директно влијание на топлите воздушни струи од Африка.
„Сме имале и изминатите години вакви температури ова време, а било дури и потопло одошто е сега ова. Што се однесува за снегот до крајот на овој месец не се очекува (не барем во градовите), а за тоа кога би имало снег низ целата држава тоа е многу тешко да се предвиди. Секако кога ќе има најава граѓаните навремено ќе бидат информирани“, вели Попоски.