„Да се разбудиш! Мислеше бргу Давил, да се разбудиш и да ја истресеш од себе оваа мора и да изрониш на сонце , да ги протриеш очите и да вдишеш малку чист воздух!“ Но, будење нема, зашто оваа ниска стравотија, тоа е дно на стварноста.Тоа се тие луѓе.Тоа е нивниот живот. Така прават најдобрите меѓу нив“.„Тоа беше едно од оние чудни изненадувања кои човек ги доживува на Исток. Помеѓу вистинскиот внатрешен живот на човекот и неговиот пишан збор немаше никаква врска“. „Зошто тоа лажење? Од каде оваа залудна, скоро детска свирепост? Што значи нивната смеа а што нивната плач? Што крие нивното молчење? …Кое е нивното право лице? Што е живот а што пресметана глума? Кога лажат а кога ја кажуваат вистината?“.„Никогаш нема да најде разумно мерило за овие луѓе и за нивните постапки“.
„Виде што можат лагата и насилството здружени“. „Тишина. Три тела ослабени од неработа, постојано или запалени од алкохол или измачувани од потребата од него, дишат и привидно мируваат, спружени во трева и топла сенка“. „Секогаш кога стануваше збор за обични работи и за редовни односи во секојдневниот живот, неговиот суд беше видовит, немилосрдно точен и поуздан. Но штом ќе се најдеше пред посложени и пофини прашања, неговата духовна мрзеливост и морална рамнодушност го тераа да воопштува и да носи брзи и упростени судови“.„Толку чувствителни кога се работи за нив самите а толку лути и груби кога се работи за други“.„Тој тешко разликуваше лага од вистина и постојано се колебаше помеѓу неосновано сомневање и претерана доверба“.
Можна ли е промена на менталитет? Практичните Американци, кои мислат дека ништо не е невозможно, одговараат потврдно. Да се промени менталитетот бара од вас да ги рефокусирате вашите вредности и да се погрижите вашите дејствија да бидат во согласност со нив. Ако имате проблем со новата состојба на умот потсетете се зошто посакавте да ја смените. Се додека не се предавате, ќе најдете начин да успеете. Опкружувајќе се себеси со други кои се попозитивни и пооптимистички, или бараат начини да научат од различни ситуации, можете да се научите на ново поведение кое што ќе ја подобри состојбата на вашиот ум. Но тука е „кваката“.
Зад ова стои вољата за промена на поединецот и на политичарот. Под политичка воља се подразбира степенот на посветена поддршка меѓу главните донесители на одлуки за определено решение на даден проблем. Продолжување на преговорите за членство во ЕУ е таков проблем денес, на пример. Недостиг на политичка воља се смета за главната причина за нерешавање на определен проблем. Но, како да препознаеме чин на политичка воља кај македонските партии? Кога политички актер е спремен да посвети драгоцено време, енергија, фондови и политички капитал за да оствари промена, кога е подготвен да ризикува и да плати цена за остварување на целта,можеме безбедно да заклучиме дека манифестира „политичка волја“ за промена. И, во контекст, на цитатите погоре, манифестира желба за промена на нашиот балкански менталитет. Денко Малески