Случајно или пак не, седницата почна со задоцнување од час и половина, по консултации на членовите во канцелариите.
Во ,,трката” за шеф на ова обвинителство се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. И двајцата беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители. Седницата за избор се одложи за следниот понеделник. На истата седница се одложи и изборот на шефовите на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.
На денешната седница единствено беше донесена одлука за именување на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Тој ја доби целокупната поддршка од членовите на Советот. Членовите, Коле Штерјов и Љубомир Јовески истакаа дека Абази се покажал како добар менаџер и во Вишото обвинителство во Гостивар, бидејќи откако стапил на функцината за краток период се решиле сите стари предмети кои се трупале со години.