Организаторите за денеска планираат настани во повеќе од 50 градови, вклучувајќи ги: Хамбург, Хановер, Келн, Франкфурт на Мајна, Минхен, Лајпциг и Берлин. Во некои случаи, ќе има целодневни предупредувачки штрајкови.
Денот на протестот го прогласија сојузот на синдикати, акционите групи, студентските претставници и високообразовните организации.Според Верди, целта на тековната рунда колективно договарање за државните службеници е да се обезбеди значително зголемување на платите за вработените во универзитетите и колективен договор на национално ниво за помошниот персонал и туторите.
Во преговорите за платите за јавниот сектор на германските сојузни покраини, кои се во тек од крајот на октомври, синдикатите бараат 10,5 отсто повисоки плати, со минимално покачување од 500 евра месечно.Страната на работодавците ги отфрли барањата како невозможни. Синдикатите сакаат да го продолжат притисокот со предупредувачки штрајкови до третиот круг преговори во декември годинава.