„Семоќните владетели ме разрешија затоа што пред неколку дена на социјалните мрежи јавно поддржав поинакво мислење и беше објавена фотографија со еден од лидерите на Европски Сојуз за Промени, Изет Меџити. Тоа се 15 години неуморна работа, максимална професионална посветеност и едукација на децата од областа на уметноста“,изјави Имери, информира Европскиот сојуз за промени.
Овој феномен на реваншизам, заплашување, уцени и отпуштања за поинакво мислење, не се случува само во „Илија Николовски-Луј“, додаде тој, туку тоа е реалност во сите институции на државата.
„Со вакви притисоци секојдневно се соочуваат и административците во институциите и албанскиот бизнис и обичниот граѓанин. Впрочем, оваа техничка влада наопаку го започна овој 100-дневен период. Но, јас се чувствувам горд што во оваа битка меѓу неколку политичари во заминување и народот кој бара промени, јас сум на страната на народот. Почитувани, Вие разрешувате, но народот се обединува, вие се реванширате, но народот се буди. Доброто во оваа лошотија е што на овој зулум му останаа само уште 90 дена. Ќе издржиме, 8 мај е нашиот ден. Позади параванот, ние со нашиот глас ќе ја разрешиме оваа власт“,изјави Имери