Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со виетнамски студенти, гледаше уметнички дела и слушаше оркестар што свири за време на денешната посета на Ханој, Виетнам. Тој се сретна и со претседателот на Националното собрание, Тран Тан Ман.
– За жал, постојат елементи на надворешно влијание. Па, на пример, виетнамски оператор одбива технички да ги сервисира нашите авиони на Аерофлот Ербас. Можеме да сметаме дека сме едно семејство, затоа треба да зборуваме искрено. Тоа значи дека се работи за терциерни санкции, од трети земји. Сега нема да навлегуваме во детали, но разбирате за што зборуваме, треба да го решиме ова. Можеме ли? Да ние можеме, порача Путин
Путин, исто така, потпиша серија договори со неговиот виетнамски колега То Лам за време на државната посета што доаѓа додека Москва се обидува да ги зајакне врските во Азија за да ја компензира нејзината растечка меѓународна изолација поради нејзините воени дејства во Украина.