Комисијата за социјална политика, демографија и млади одржа работна средба со претставници на Комисијата за труд и социјална политика од германскиот Бундестаг.Претседателката на Комисијата, Илире Даути, ја отвори работната средба информирајќи ги присутните за тоа кои се надлежностите на оваа Комисија и кои области ги опфаќа.
Во дискусијата на присутните беа опфатени повеќе теми, во насока на размена на искуствени политики и решенија за подобрување и поддршка на политиките кои се однесуваат на вработувањето инвалидни лица, заштита на децата, пензискиот систем, права од социјален карактер, наталитет, дуално стручно образование. На крајот од средбата од двете страни беше истакната заложбата за продолжување и унапредување на соработката помеѓу овие две комисии.
16.9.2024