Денеска на редовна работна средба го примив австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Разговаравме за билатералната соработка меѓу двете земји, напредокот на нашата држава во процесот на европска интеграција, како и за други актуелни меѓународни и регионални прашања. Ја потврдив нашата посветеност на реформските процеси и изразив благодарност за континуираната поддршка од Австрија на нашиот европски пат, со надеж дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Заеднички ги нагласивме досегашните одлични билатерални односи и заложбите за понатамошно интензивирање на соработката, особено во економската сфера, трговијата и инвестициите. Посебен акцент ставивме на потенцијалот за натамошно продлабочување на бизнис релациите, на што ќе биде посветено значително внимание во претстојниот период – Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.