Македонскиот актер се издигна како феникс. Кирил Поп Христов во 2013 година беше осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет марихуана. Тогаш, во својата одбрана, легендарниот Кили порача дека е свесен оти прави кривично дело, со образложение дека произведува марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран. Девет години подоцна тој живее на другата страна од светот, со полни гради и никогаш посреќен, барем по она што го гледаме на социјалните мрежи.