Косовскиот премиер Албин Курти, кој се обрати пред Рама порача дека Приштина и Тирана не треба да се среќаваат само на празници, туку треба почесто да работат заедно и да ги прифаќаат меѓусебните критики.
-Нашиот простор, култура и економија не се феуди што некому му припаѓаат. Треба почесто да бидеме заедно, не само на прослави. Мораме да споделуваме идеи меѓу себе и да ги прифаќаме критиките, да работиме меѓусебно, рече Курти.Курти изјави дека нивните предци се бореле за дом на сите Албанци, отворен за пријателите кои придонесуваат за мирот.Во Приштина со нетрпение го очекуваме секој успех на Албанија, која направи големи чекори напред. Сигурен сум дека и вие сте подеднакво среќни за нашите успеси, нагласи тој.Претходно обраќање маа претседателте на парламњнтте Лндита Никола и Глауф Коњуфца, како и координаторте на пратеничките групи.Пред обраќањето на Рама собраниската сала ја напуштија пратениците на Демократската партијата приврзаници на Сали Бериша. Нему не му беше дозволено обраќање туку на Енкелејд Алибеј кој е вршител на должноста претседател на демократите по оставката на Љуљзим Баша.Владите на двете земји пак, во јуни годинава ја одржаа осмата заедничка седница а првиот заеднички состанок беше во 2014 година.