Организаторите не потврдија дека токму тоа е инспирацијата, но многумина на социјалните мрежи веднаш пронајдоа впечатлива сличност. Верниците особено бурно реагираа, оценувајќи дека организаторите отишле предалеку со исмејувањето на Исус Христос и неговите апостоли. Некои отидоа дотаму што повикаа на бојкотСекако, религијата е секогаш контроверзна тема, особено кога станува збор за претстави од ваков тип, па секогаш се повлекуваат паралели и се поставува прашањето „зошто другите не ги претставија така“.
Засега организаторите не се огласиле на оваа тема, а прашање е дали ќе се огласат, па засега критиките остануваат само преку социјалните мрежи. Да потсетиме, за време на церемонијата на Олимписките игри во Париз, превид имаше и организаторите кои по грешка го закачија олимпиското знаме наопаку, додека посебно внимание привлекоа Израел и Палестина, односно алжирските спортисти кои фрлаа цвеќе во Сена.