Фото: Pexels
Научниците се чекор поблиску до лек за Алцхајмерова и Паркинсонова болест со помош на талог од кафе.
Талогот од кафе би можел да се користи во нов третман за Алцхајмерова и Паркинсонова болест, покажува студијата, пишува „Медикал дејли“ (Medical daily).
Јаглеродните квантни точки на база на кофеинска киселина, кои се прават од отпадот од кафе, покажале ветувачки резултати во лекувањето на невродегенеративни нарушувања.
Американските истражувачи открија дека евтините лекови помагаат во заштитата од ефектите на Паркинсоновата болест во експериментите со епрувети кога болеста била предизвикана од пестицидот наречен паракват.Тие се надеваат дека третманот би можел да се искористи за помош на луѓето во раните стадиуми на деменција, како и за спречување на понатамошното напредување на болеста.
Водечкиот автор Јиотиш Кумар, од Универзитетот во Тексас во Ел Пасо, рекол:
„CACKDs имаат потенцијал да бидат трансформативни во лекувањето на невродегенеративните нарушувања. Тоа е затоа што ниту еден од тековните третмани не ја лекува болеста, тие само помагаат да се контролираат симптомите. Нашата цел е да пронајдеме лек така што ќе се занимаваме со атомската и молекуларната основа која ги покренува овие услови.“
Околу 944.000 Британци во моментот живеат со деменција, а експертите предвидуваат дека тој број ќе надмине еден милион до крајот на деценијата.Алцхајмеровата болест е најчеста форма на болеста и се смета дека е предизвикана од наталожување на протеини во мозокот, вклучувајќи тау и амилоид.