Министерството за енергетика денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клима уреди. Доделувањето е најавено од 9 до 17 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Мерката, како што велат надлежните, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.
За мерката се избрани апликации на вкупно 6.182 домаќинства, а средствата во висина од 23 до 25 илјади денари ќе бидат обезбедени преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.Во останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ. Граѓаните, сепак, ќе имаат можност ваучерите да ги подигнат до крајот на месецот до кога всушност и истекува рокот за нивна реализација.
Фото: СДК.МК